Полин Дукруе – уште една прекрасна внука на Грејс Кели

21 јули 2017

Шарлот Казираги е првата внука на Грејс Кели за која јавноста слушна. Ќерката на принцезата Каролина и Стефан Казираги, италијански бизнисмен, со својата егзотична убавина, таа ја освои модната индустрија и ја гледавме како заштитно лице на многу кампањи.

фото извор: Wmagazine.com

фото извор: Notey.com Сега пак, своето место во модниот свет го создава и Полин Дукруе, ќерка на принцезата Стефани од Монако, која ја доби во бракот со телохранителот Даниел Дукруе.

фото извор: pointdevue.fr

Имено, оваа 23-годишна девојка уште од рана возраст покажувала интерес за мода, па од Монако се сели за Њујорк за да студира моден дизајн на Универзитетот „Парсонс“.

Веќе почнува да лансира и свои дизајни, а сè популарна е и на Инстаграм. Инаку, на листата за престолот во моментов е на 13-тото место.

фото извор: pointdevue.fr

фото извор: pointdevue.fr

Неодамна имаше интервју за W-magazine, каде зборуваше за својата страст кон модата.

-Моите дизајни се инспирирани од сè што ме опкружува. Уличниот стил и основите на секој гардеробер. Сакам впечатливи парчиња но со едноставни линии и воедно удобност. Пораснав на југот на Франција, така што францускиот лежерен стил е она што секојдневно го негувам. Моја типична комбинација вклучува џинс, бела маица или кошула, убави сандали или чизми и тексасна јакна. Почнувам со многу малку парчиња, бидејќи сакам да понудам квалитет, па затоа и бројот на парчиња е лимитиран. Проектот е во фаза на подготовки и ќе го лансирам кога се ќе биде совршено, бидејќи сум перфекционист – вели Полин за својат стил и прва колекција.

фото извор: pointdevue.fr

Најголемиот предизвик вели е следењето на комплетниот процес на производство, од скица до реализирано парче. А најголема сатисфакција добива кога ќе види дека парчето одлично може да се носи.

-Најтешкото пак во целиот процес е да се најде добар прототип, затоа што ако не е совршен, тогаш нема да може да се направи или производот нема да биде добар. За сега јас ги правам сите прототипи и би сакала доколку моите парчиња се произведуваат во Франција или Италија, бидејќи навистина сакам беспрекорен квалитет – потенцира младата дизајнерка.

фото извор: gotceleb.com

На прашањето, да може да дизајнира за некој бренд, кој би го избрала, ќе каже:

-Засекогаш ќе бидам вљубена во работата на Раф Симонс, особено во периодот кога беше креативен директор на „Диор“.

Полин не крие дека животот во Њујорк ѝ ги проширил видиците, а она што посебно ѝ се допаѓа е што луѓето таму не се плашат да пробаат нови стилови.

Нејзината двневна униформа е црно-бела комбинација.

фото извор: gotceleb.com

фото извор: fashion.hola.com

-Но, се случува некогаш да „полудам“ и да додадам некоја впечатлива боја.

На прашањето која е нејзината модна икона, одговорот е јасен – Грејс Кели. Последно парче што си го купила се сандали од „Александар Ванг“.

-Иако е апсолутен тренд, никогаш не би носела карнери, а најскапоценото парче што го поседувам во својот гардеробер е палто од Живанши што баба ми го носела во 1960-тите – открива Полин, која несомнено има потенцијал да стане модна икона на младата генерација.

Додека не излезе првата колекција со нејзин потпис, погледнете во галеријата дел од нејзините највпечатливи комбинации.

фото извор: Wmagazine.com; Pinterest.com; Instagram; puretrend.com;

Објавено:
21 јули 2017
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
619 пати
Извор: 
wmagazine.com