Веројатно досега сте ја виделе оваа прекрасна дама на некој од светски познатите магазини, а доколку не, денеска задолжително мора да ја запознаете.

Првата дама на Аргентина Јулиана Авада е беспрекорно стилска икона, секогаш ненаметливо средена во комбинации што секоја жена ги одобрува.

Благодарение на нејзината неверојатна фигура, 45 годишната Јулиана изгледа подеднакво добро и во џинс и кошула, но и во лежерен фустан или женски костим.

Нејзиното семејство долги години е во текстилната индустрија, па воопшто не е чудно што Јулиана има истенчен вкус за модни комбинации.

Таа има две ќерки – Валентина од нејзиниот претходен брак и Антониа, од бракот со претседателот на Аргентина, Маурисио Макри.

Модните магазини ја опишуваат како храбра дама што обожува да експериментира кога е стилот во прашање, па така не беше чудно кога ја видовме во транспарентен светкав фустан со сопругот на свечена вечера по повод економскиот самит во Хамбург.

Иако за ваквите свечени настани таа одбира поинакви фустани од оние во кои сме навикнати да ги гледаме првите дами, никогаш не изгледа вулгарно, туку напротив, свежо и неодоливо.

Без разлика дали ја гледаме со Меланија Трамп, Брижит Макрон или кралицата Летиција, Јулиана Авада е неверојатно стилска дама која секогаш зрачи со позитивна енергија.

Доколку досега не сте погледнале какви комбинации одбира Јулиана за јавните настани, истото можете да го сторите погоре во галеријата.

Инфо и фото: Harper's Bazaar, Independent.ie

Објавено:
22 октомври 2019
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
6.335 пати