Првата дама на Кина е дефиниција за префинета деловна жена

9 август 2017

Таа е меѓу најдобро облечените дами според етаблираниот магазин Vanity Fair. Сигурно сте ја забележале многупати на групните фотографии со светската политичка елита и Првите дами на највлијателните земји. Ја нарекуваат кинеската Џеки Кенеди.

Пенг Лијуан е Прва дама на Кина и е вистинска дефиниција за префинета деловна жена со смело изразена индивидуалност. Таа е спротивност на сè она што подразбира ригидност и сивило во деловно-политичкиот свет. Пенг е моден камелеон, која храбро им пристапува на боите и ги имплементира во својот имиџ без двоумење.

Прави совршен спој на традиционалната кинеска култура со модерните и актуелни тенденции. Така го има дефинирано и својот препознатлив имиџ, базиран пред сè на личната стилскa интуиција, но и на искуството во политичкиот свет.

Благодарение на својата стилска впечатливост, 54-годишната Пенг има се повисок рејтинг меѓу современите модни икони.

Фото извор: popsugar.com

Објавено:
9 август 2017
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.594 пати