Швеѓанката Елин Клинг е модна икона на Инстаграм

18 октомври 2016

Таа не е стандардна модна блогерка. Швеѓанката Елин Клинг е „мултитаскинг". Во 2011 година го основаше онлајн магазинот Styleby, а во 2014 година заедно со нејзиниот партнер Карл Линдман ја лансираа нивната заедничка модна линија Toteme.

Минимализмот е основна карактеристика на нивниот бренд, па оттука воопшто не не чуди што чистите линии, едноставниот дизајн и монохроматските комбинации се основната нишка на нејзиниот личен стил.


На Инстаграм ќе ја најдете како @elinkling и доколку веќе не ја следите на оваа социјална мрежа, веруваме дека од сега ќе се издвои помеѓу вашите стилски фаворити, доколку преферирате минималистички моден израз.

Она што секако остава впечаток е нејзиниот ненаметлив и едноставен стил, но истовремено концизен, шик и со индивидуален печат.

Џинсот во сите можни варијанти, белите и црни маички по кратки ракави, струкираните сакоа, капутите на врзување и здолништата со шлиц се базичните парчиња во нејзиниот стил.

Објавено:
18 октомври 2016
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.420 пати