Сиена Милер - икона со неисцрпна креативност

13 мај 2013

Најпозната е по врската со Џад Лоу и нејзиниот автентичен стил. После планетарниот успех во филмот „ Alife“од 2004 година,Сиена стана едно од нај фотографираните лица на планетата, а модните уредници и магазини ја ставаат меѓу најдобро облечените жени во светот. Во 2006 година,Милер заблеска во улогата на трагично починатата Еди Седвик и доби репутација во модните кругови која постојано растеше. Веќе следната година Ана Винтур ја ангажираше за насловната на септемвриското издание на американскиот Вог.

Подоцна, Сиена полека ја заменува актерската професија со дизајнерската, лансирајќи ја модната линија Twenty and Twelve,заедно со сестра и Савана.Стилот на Милер, во знакот на 70-те и донесе титула и на бохо-кралица. Без оглед на тоа дали е на црвениот килим или е на прошетка со своето милениче, Милер делува опуштено и привлечно, речиси секогаш,со разбушавена коса или многу аксесоари на себе. Некои од парчињата гардероба, таа ги носи и по цела една година, како што се најзините чизми од Вивиен Вествуд или бордо чантата од Прада. Сепак, Сиена не е роб на етикетирана облека, ниту има наклонетост кон одреден моден дизајнер или модна куќа, туку е жена која ужива во купување и не се плаши да ризикува.

Сиена знае на себе да носи парчиња од уличните брендови како ХиМ или Топшоп во комбинација со винтиџ.Шминката не и е задолжителна во текот на денот,но, повеќе сака да ги истакнува очите во мачкаст облик, додека на усните нанесува и јак црвен кармин. Сите поборници во модниот свет не можат да дочекаат што ново ќе облече уникатната актерка, манекенка и дизајнерка. Оригиналните идеи на Милер се секогаш присутни, па така не би било изненадувачко ако таа се појави облечена во здолниште како фустан, огрлица како украс за коса, а едноставните и еднолични комбинации таа ги освежува со интензивни жолти оксфордки или тиркизни очила за сонце.

Објавено:
13 мај 2013
Категорија: 
Модна икона