Кејт Мидлтон многу пати од страна на медиумите и модните стручњаци беше прогласувана за вистинска модна икона.

Но, анализирајќи го стилот на данската принцеза Мери, изгледа Војвотката од Кембриџ има силна конкуренција.

Таа има 44 години и софистициран стил на кој можат да ѝ позавидат и многу помлади од неа.

За тоа дека има исклучителен вкус за мода говори и податокот дека во анкетата на магазинот Hello! за тоа која жена од сите кралски семејства ја заслужува титулата за жена со најдобар стил, дури 30% од вкупно 30.000 читатели се изјасниле дека тоа е принцезата Мери.

Кејт Мидлтон се наоѓа дури на третото место, додека на второто е кралицата Максима од Холандија.

Инаку, ова е втора година по ред како принцезата Мери ги освојува симпатиите на публиката. Добро познато е дека во нејзиниот плакар има бројни чевли со потпис на Валентино, како и парчиња од Макс Мара. Меѓу омилените модни куќи е и „Александар Меквин“.

Како вљубеник во минимализмот, сепак не стравува од принтовите и трендовските комбинации. Црно-белите пак, се неизоставен дел од нејзиниот изглед. Уште една нејзина карактеристика е природната шминка и доминантност без нападност.

Во галеријата погледнете дел од нејзите модни изданија, што сигурни сме ќе инспирираат многу жени во 40-тите, но и сите оние што се пронаоѓаат во нејзиниот стил.

Објавено:
5 декември 2016
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
2.808 пати