За време на инаугурацијата, покрај Меланија Трамп, еднакво внимание беше посветено на неговата прва ќерка – Иванка Трамп.

Таа е дете од првиот брак на Доналд со Иванка Трамп, и тоа второ. Тие двајца имаат уште два сина – Доналд Џуниор и Ерик.

Иванка е родена во 1981 година, а детството го поминува на Менхетен. Нејзините родители се разведуваат кога таа има десет години, а со оглед дека медиумите будно ја следеа брачната разврска на оваа двојка, Иванка уште како дете го привлекува вниманието на јавноста. Во една пригода ќе изјави дека кога имала девет години, еден новинар ја прашал: „Дали е вистина дека Марла призна дека со твојот татко имала најдобар секс до сега“.

На 15-годишна возраст почнува да се занимава со моделство, соработувајќи со големи имиња од модниот свет, што не ги воодушевувало многу нејзините родители. Сепак, по завршетокот на средното училиште, Иванка му кажува „не“ на моделството и се запишува на економија на Вартон.

Нејзината прва работа е во една компанија која се занимава со продажба на недвижнини. Особено се трудела тоа што доаѓа од семејството Трамп да не влијае врз нејзината кариера и почитувањето на нејзините способности и квалитети. Набргу сепак, се приклучува кон семејниот бизни. Денес е вешта бизнис-жена. Во семејната компанија задолжена е за хотелите и недвижнините.

Всушност, заедно со браќата, Иванка работи како заменик на извршниот претседател за развој и аквизиција за Организацијата Трам. Токму таа во 2015 година кога беше и објавена кандидатурата на Доналд, го претстави својот татко на Американците и целиот свет. Таа му е најголема поддршка отсекогаш.

-Без оглед на тоа што ќе слушнеме за семејството и родителите, факт е дека сум многу горда што сум Трамп. Некое време бев загрижена дека ќе живеам во сенка на своите родители, но тоа не мора да биде лошо – ќе изјави во една пригода.

Од 2009 година е во брак со њујоршкиот бизнисмен Џерд Кушнер, со кој има и три деца. Иако се запознаваат на состанок и тоа преку заеднички пријатели, кои сметале дека ќе бидат одлични бизнис-партнери, сепак тие стануваат многу повеќе.

-Тоа е најдобрата работа што некогаш ја направиле – ќе каже Иванка.

За неа владее мислење дека е елгантна, убава и пристојна, за разлика од вулгарниот татко. Доналд е познат по тоа дека често дава шокантни изјави поради кои јавноста го осудува. Но, Иванка знае и со тоа да се справи.

Имено, тој во една емисија изјави дека да не му е ќерка, веројатно би се забавувал со неа.

-Доналд само се шегува. Сака да ги види реакциите на луѓето кога ќе рече нешто неочекувано. Очигледно се шегуваше поради фактот дека има навика да се забавува со млади жени – објасни русокосата убавица.

Покрај сето ова, таа има и неколку сопствени бизниси. Има своја линија облека, обувки, чанти, детски обувки, очила за сонце и накит, но и свој личен сајт.

Во 2014 година ја стартува иницијативата WomanWhoWork (жени што работат), објавувајќи текстови на тема кариера и мода, како и совети за жените што сакаат да напредуваат во својата работа. Книгата која го носи истиот наслов треба да се појави пролетва.

 

Ако треба да се опише нејзиниот стил, елеганција и софистицираност се зборовите со кои би се опишал. Некои ќе кажат дека стилот е предвидлив и без било какви експерименти, но од друга страна, многу жени наоѓаат инспирација во неа.

Токму затоа, во галеријата горе ќе видите како се менуваа и Иванка Трамп и нејзиниот стил низ годините.

Објавено:
26 јануари 2017
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
6.551 пати