Тилда Свинтон – андрогена икона на стилот во која е рефлектирана модата од иднината

26 декември 2018

Има луѓе кои што и да облечат, му даваат вонземска димензија на тоа што го носат. Етаблираната актерка Тилда Свинтон апсолутно им припаѓа на таквите.

Сама по себе автентичен лик, вонсериска андрогена појава – вистински предизвик за модната фела во време на униформираност.

Ако барате лик што ќе дефинира индивидуалност – Тилда е првата асоцијација.

Дизајнерите оддамна ја препознаа таа нејзина неповторлива енергија и не ја пропуштија можноста да го „искористат" нејзиниот лик како муза што ќе ги води во светот на бесконечна инспирација. Меѓу нив е и Карл Лагерфелд, кој во неколку наврати ја ангажираше Тилда како заштитно лице на Шанел.

Секогаш на врвот на листите на најдобро облечени, Тилда е појава во која е рефлектирана модата од иднината.

На црвениот килим секогаш е впечатлива, но нејзината посебност е неизбежна и во обичното секојдневие, во неформално издание.

Објавено:
26 декември 2018
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
475 пати