Том Харди – „невидливата“ модна икона

1 март 2017

Тој не е од оние холивудски актери кои го бараат медиумското внимание облечени во совршено комбинирани слоевити одела и прецизно одбрани детали. Неговата несовршеност и „незаинтересираност" за идеален визуелен впечаток е ставот врз кој го гради својот имиџ. И токму затоа Том Харди е уште попривлечен за медиумите и јавноста генерално.

Сакајќи да биде „невидлив", Харди всушност е предизвик за фото репортерите.

Па така, најчесто низ случајните фотографии што инстантно стануваат вирални, Том е во свој сосема единствен, опуштен фазон, растеретен од потребата да биде идеален. Неговата харизма и став се неговиот главен адут.

Тој може да се појави и на црвениот килим во одело без вратоврска и раскопчана кошула и никој нема да му замери за тоа, дури ни модните критичари.

Често го носи својот омилен накит, неколку кожени нараквици и ланчиња, па дури и со формална облека и тоа е начинот на кој тој визуелно размислува: бунтовнички.

Том Харди е неконвенционалната модна икона на новата генерација холивудски актери.

 

Објавено:
1 март 2017
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
969 пати