Зана Нимани модна икона на нашата младост

21 март 2017

Групата Зана беше извонредна поп атракција во 20-от век. Препознатлива по женскиот суптилен вокал Зана Нимани по која и е именуван бендот. Текстописецот Марина Туцаковиќ ќе инсистира бендот да го носи нејзиното име во оној момент кога налетува во студио сосема случајно и ќе ги слушне. Почнува да пишува текстови за нив и тие одат во Шведска да снимаат албум, сега веќе од оваа временска дистанца историски и впечатлив „Додирни ми колена“.


После овој албум бендот станува мега популарен.
Зана Нимани е симбол на се што е прогресивно во поранешна Југославија.Тој нејзин умилкувачки глас, еротизираните текстови, ќе допринесе да сакаме да ја слушаме до ден денешен.
„Имам 22 години. Пушам, што да правам. Не пијам, не се дрогирам, само тоа ми е порок. Ја сакам Слаѓана Милошевиќ и мислам дека таа е прва рок ѕвезда во Југославија, останатите не ги признавам“, вели таа.
Зана Нимани растура на поп сцената се до последниот албум „Натраг на воз“.


1993 година ја напушта Југославија и заминува за Канада со својот сопруг каде работи во компанија која се занимава со имотно правни односи. Иако ја имаат поканувано неколку пати да се врати и да настапи со нив, таа нема да сака да го стори тоа.


Во 80-тите години Зана Нимани е вистинска модна икона, со изборот на бои во нејзините аутфити, храбриот избор на капи, шапки, чевли во разни бои, здолништа кои се со широк крој, шминката која го освојува светлото на сцена.


Начинот на кој таа го промовираше имиџот ден денес може да послужи како пример на младите пејачки. Секогаш своја и секогаш поинаква од другите. Ако таа ставеше избланширано перче напред на косата, беше повеќе од сигурно дека повеќе од полвина млади девојки ќе го стореа истото.
Зана Нимани лик на нашата младост, своја и сигурна.

Бејбимама

 

Објавено:
21 март 2017
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
278 пати