Зое Кравитц – стилска икона на новата генерација

14 март 2017

Нејзиниот бунтовнички дух што го наследи од татко ѝ, познатиот рок музичар Лени Кравитц, е рефлектиран преку нејзиниот имиџ и токму тоа е оној најпрепознатлив печат на стилот на Зое Кравитц.

Има посебен шарм, уникатна е во секој поглед и токму затоа таа дава некоја неповторлива димензија на се што ќе облече на себе. Можеби токму тоа е причината поради која е и една од новата генерација миленички на големите дизајнерски имиња.

Таа не само што гради имиџ на рок ѕвезда, туку и нејзиниот животен стил е рокендрол. Често знае да одбере уникатен и впечатлив накит, како надополнување на тетоважите што ги има во голем број, па тоа е сосема доволно да привлече внимание облечена и во наједноставна бела маичка и џинс.

Но, кога се појавува на црвениот килим Зое е вистинска божица. Соработува со дизајнери и модни куќи од навистина завиден ранг: од Сваровски и Сен Лоран до Баленсијага.

Нејзиниот имиџ е јасна порака до сите од нејзината генерација: не плашете се да бидете свои!

 

Објавено:
14 март 2017
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
453 пати