#седисидома и направи си накит од макарони – дизајнерката на накит Александра Иванова ви го објаснува целиот процес

20 март 2020

Домашната изолација ни дава доволно простор да се предизвикаме себеси и конечно да му дадеме шанса на нашиот креативен потенцијал.

Ако немате идеја од каде да почнете, еве еден совет: почнете од кујната!

И освен што може да експериментирате со рецепти, кујната може да биде вашата креативна работилница за дизајн на накит.

Нема да ви биде чудно, ако ве потсетиме дека може да си направите накит од макарони, затоа што како деца, тоа ни беше една од омилените креативни активности. А верувајте, омилена им е и на денешната генерација деца! Ние се уверивме благодарение на фејсбук групата: Креативница , #седисидома и прави накит, каде наидовме на бројни фотографии од вредни и креативни дечиња, кои покрај тоа што се дисциплинирани, времето дома го користат креативно.

Иницијативата е на дизајнерката на накит Александра Иванова која твори под етикетата „Софија Филигранска" и е препознатлива по магичниот и колоритен, рачно изработен накит.

Таа во нејзиниот свет на имагинација, дома, не препознава ниту досада ниту монотонија, туку напротив уметноста целосно и продуктивно го исполнува нејзиното време.

А накитот изработен од макарони е само една од нејзините идеи.

За овој „рецепт" потребни ви се макарони, независно какви се нивните форми,  боички, конец или ластик и неограничена доза креативност.

Уживајте во изработката и пофалете ни се со резултатот!

Фотографиите со децата се одобрени од родителите

Објавено:
20 март 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
781 пати