10 бесценети модни совети за секоја жена

9 февруари 2018

Независно од актуелни тенденции и сезонски трендови, помеѓу жените постојат неколку „тајни" модни правила кои важат засекогаш. Издвојуваме 10 корисни совети:

1. „Освежете" го старото палто со тоа што постоечките копчиња ќе ги замените со нови, впечатливи и додадете интересен брош на реверот. Така старото палто ќе добие нов лик.

2. Идеална формула за облека која ја следи линијата на телото, е да биде изработена 95% од памук и 5% еластин. Така истовремено материјата ќе изгледа убаво, а ќе биде прилепена на вистинските места.

3. Создадете си капсулен плакар во кој ќе отстапите простор за парчиња облека во кои сте инвестирале повеќе, а кои лесно може меѓу себе да ги комбинирате. Така секогаш ќе имате брзо решение за опција Б, кога немате идеја за опција А.

4. Кога купувате капут, палто или блејзер, секогаш внимавајте да ви биде точно со пропорциите во делот на рамената.

5. Секоја комбинација ќе добие дополнителна естетска вредност, ако ја споите со три клучни модни додатоци: очила кои и одговараат на формата на вашето лице, добра чанта и квалитетни чевли.

6. Часовниците се засекогаш! Вреди да се инвестира во еден квалитетен рачен часовник.

7. Топ со изразено V деколте, е идеален за издолжување на торзото.

8. Обувките со висока потпетица во боја која е блиску до тенот на вашата кожа, максимално ги издолжува нозете.

9. Кога купивате облека онлајн, не се потпирајте на општите димензии S, M и L, туку добро запомнете ги точно деталите околу вашите пропорции и барајте го идеалниот сооднос.

10. Редовно одржувајте ја хигиената и редот во вашиот плакар. Така подолго време ќе ја здржите добрата состојба на вашата облека.

Објавено:
9 февруари 2018
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.899 пати
Тагови: 
модни совети