10 парчиња облека и аксесоари што никогаш не треба да ги носите на работа

3 јануари 2014

Вашето богато CV и продуктивноста на работното место, секако се важни, но работниот дрес код е исто толку важен како и целата способност што ја поседувате. Вашиот претпоставен и колегите можеби ве познаваат добро, но верувајте дека тие веќе изградиле слика за вашиот имиџ, за која вие можеби и не претпоставувате каква е. За вашите соработници и колеги да ја немаат погрешната перцепција за вас, ние ги издвоивме парчињата облека и аксесоари што можат да направат лош впечаток кај останатите, што без никаква резерва ќе ве осудат поради нив. Затоа, внимавајте на себе никогаш да не ги направите следните модни грешки:

1.Карактерот на работната позиција што ја имате секако е предуслов за тоа како да се облечете. Овие правила пред се важат за оние кои работат во канцеларии и неопходен им е формалниот стајлинг. Мажите никогаш не треба да облечат сандали со отворени прсти, дури и кога е многу топло, откажете се од комформоста. За жените од ова правило има исклучок, но сепак се зависи од работната позиција.

fishnets-fi

2.Овие хулахопки можете да ги изберете за било која друга прилика, само не за работа!

3.Прилепен секси фустан

Спектарот на модели за фустани што можете да ги носите на работа е голем. Ваквите фустани повеќе се за вечерно излегување, а не за на работното место. Со ваков стајлинг праќате провокација кон останатите.

4.Мокра и несредена коса

Уредно собраната и чиста коса секогаш треба да ја ставате на пиедестал. Изговорот дека сте брзале и сте немале време да ја сушите и стилизирате, не се прифаќа.

5. Краток шорц

Дури и кога е екстремно топло во летниот период, ваков модел на кратки панталони не смеете да си дозволите да ги облечете на работа. Оваа пролет ќе бидат во тренд бермудите, кои за овие кратките ќе ви бидат соодветна замена.

6.Транспарентни парчиња

Се додека имате нешто врз нив, како сако или пуловер тогаш употребата се прифаќа, самостојно да ги носите, не треба никогаш.

7.Хеланки

За хеланките веќе неколку пати ве советувавме дека не треба да се носат целосно откриени. Тие треба да го покриваат вашиот задник и дел од нозете. Само со нив изгледате неуредно и вулгарно.

8.Патики

Знаеме дека ви е потребна комфорност, но ако носите патики на работното место вие ќе биете сфатени како несериозни.

9.Спортска шапка

Спортската шапка оставете ја за тренинг и дневни комбинации  низ град. Ваквата шапка никако не треба да биде дел од работниот стајлинг.

10.Провокативна долна облека

Употребата на ваквата долна облека важи доколку ја носите со транспарентните модели. Пробајте да одберете обична долна облека што нема да го одвлекува вниманието на другите.

Објавено:
3 јануари 2014
Категорија: 
Направи сам