10 супер идеи како да ги завиткате новогодишните подароци

6 декември 2019

Празничниот период е време кога семејството се собира заедно, но истовремено е период кога можеме да го изразиме нашето внимание и љубов кон нив и преку креативност.

Изработена честитка од некоја драга личност знае да вреди многу повеќе од било кој скапоцен подарок. 

Од друга страна, можете да го персонализирате подарокот, така што ќе го завиткате на уникатен начин. 

Потребно ви е само малку време и умешност.

Ние одбравме десет идеи како можете да го постигнете саканиот ефект, погледнете ги и пишете ни кој ви се допаѓа најмногу:

 

Подарок со мноооооггууу панделки

Подарокот ставете го во кутија или завиткајте го во хартија во некоја ваша омилена боја, а потоа наместо една, ставете што повеќе панделки. На ликот ТУКА погледнете видео како можете да направите едноставни панделки, а ефектни. За какви ќе се одлучите на крајот оставаме на вас и вашата замисла. 

 

Подарок со 3Д снегулки

Во духот на празничниот период, 3Д снегулки се супер идеја за декорација на подарок. Сè што ви е потребно е хартија, ножици и малку умешност. Постапката како да ги направите ја имате на линкот ОВДЕ.

 

Колачиња во плико

Одличен начин да покажете внимание. Откако ќе ги направите божиќните колачиња, спакувајте ги во плико. Користете малку поцврста декоративна хартија или хартија за принтање. Исечете квадрат а страните свиткајте ги како на фотографијата. Пликцето затворете го со стикер на кој ќе напишете порака.

 

Декорација со цевки, лижавчиња и украси од хартија

Подарокот завиткајте го едноставно, а потоа украсете го со тоа што располагате. Црвено-белите лижавчиња се супер избор за да направите санки. Шарените цевки исечете ги и залепете со во форма на елка, врз што после можете да додадете и копчиња. За останатите декорации во форма на лампиони, прочитајте повеќе ТУКА.

 

 Цвет од сијалички

Едноставно, а многу ефектно. Ако имате стари неупотребливи сијалички, можете да ги искористите. Со лепак или силикон залепете ги одозгора. Ако немате сијалички во ваква форма, тогаш искористете лампиони или какви и да имате сијалички. 

 

Подароци со букви

Завиткајте го подарокот, а одозгора заврзете лента, на која ќе ја закачите и првата буква од името на лицето за кое е подарокот. А буквата можете да ја направите од цврста хартија. Исечете ја и потоа или обојте ја во бојата што сакате или нанесете лепак на хартијата, па одозгора нанесете светки. Ефектот ќе биде одличен.

 

„Врзан“ подарок

 Овој начин на пакување подароци е всушност јапонска техника, наречена фурошики. Како да го постигнете ова, погледнете на „Јутјуб“.

 

Животни од хартија

Ова посебно ќе ги израдува најмалите. Потребна ви е хартија во боја, ножици и лепак. Деталите ги имате на линковите тука и тука.

 

Кутии во форма на ѕвезда

Ако сакате подарокот веднаш да се забележи, тогаш овој начин на пакување во форма на ѕвезда ќе ви го привлече вниманието. Потребна ви е поцврста хартија или хамер. А деталите видете ги ОВДЕ. 

 

Ѕвезди од цевки

Конец и цевки е она што ви е потребно. Ова е нависитна ефектен начин да спакувате подарок, а како да ја постигнете ѕвездата подетално има на линкот ТУКА.

 

Објавено:
6 декември 2019
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.500 пати