Разни модни совети можат да се прочитаат во модните медиуми, од дизајнери, стилисти, блогери... Некои совети доаѓаат и од мајките или бабите, а во продолжение следи една листа од 100 модни совети што ги обединува сите. Некои веројатно ви се добро познати, а за некои веруваме дека ќе ви бидат добредојдени.

Ако го пропуштивте првиот дел, го имате овде.

49. Како да се грижите за крзното во домашни услови – за поголем волумен и сјај, исчешлајте го крзното со четка за чешлање и поминете го со пареа.

48. Обликот на прстените со маркиз камен создаваат впечаток на подолги и послаби прсти, дури и на мала или широка рака. Бисерите или овалните камња се исто така добра опција.

47. Градниците што ги носат жените секој ден, треба да се менуваат на три до шест месеци, веднаш штом ќе почнат да ја губат еластичноста и цврстината.

46. Идеалната должина на т.н. пенкало здолништа е до врвот на колената. Секоја должина под тоа визуелно ќе ви ги скрати нозете.

45. Панталоните ми се малку тесни?  Оставете да се исушат природно (не во машина за сушење) и истегнете го појасот со рака (или со фен), додека панталоните се сè уште влажни.

44. Покажувањето кожа е сè уште шик но: Ако носите мини здолниште или шорц, покријте го горниот дел. Ако пак, горниот дел е отворен, тогаш долниот дел нека биде покриен - долги панталони, здолништа...

43. Средствата за стакло го враќаат сјајот на лакираната кожа, без да ја оштетат.

42. Свилените навлаки за перници се навистина моќни – не само што помагаат да немате „белези“ од спиењето, туку се и многу нежни и добри за вашата кожа и коса.

41. Најдобриот начин да го складирате накитот е во вакуум кесички. Тоа ќе им помогне на парчињата накит да останат сјајни, а ја намалуваат и појавата на потемнување и гребнатини.

40. Ако парчето што го пеглате има специфични копчиња или детали, покријте ги со метлна лажица и притиснете го материјалот околу.

39. Не купувајте производи и парчиња за кои знаете дека не можете соодветно да се грижите. На пример, ако знаете дека никогаш не перете рачно, тогаш не купувајте парчиња од кади или специфично плетени џемпери.

38. Неколку женствени фустанчиња искомбинирани со „машки чевли“, ќе ви помогнат без многу труд да изгледате модерно и неочекувано.

37. За совршено да ги подвиткате ракавите, копечто на ракавот нека биде закопчано со каивчето, додека го виткате ракавот.

36. Блузите со V-израз помагаат за визуелно издолжување на вратот.

35. Ако наутро си ставивте премногу парфем, употребете отстранувач на шминка на база на масло и без мириси, за да го отстраните вишокот на парфем.

34. Сакате да носите кожени чевли без чорапи/хулахопки? Откако ќе ги соблечете, секогаш обложете ги со мека ткаенина, за да го впие мирисот и да им помогне на чевлите да го задржат својот облик.

33. Округлите обетки се класика и секоја жена треба да ги поседува, без оглед на годините, но типот зависи од обликот на вашето лице. Ако имате долгнавесто, слабо лице, носете поголеми „кругови“, или украсени. Но, доколку имате округло лице, тогаш помали кругови или обетки во форма на капка се подобар избор.

32. Ако не сакате да ги перете фармерките веднаш по купувањето, ставете ги во кеса и оставете ги два дена во ладилник (практично, ќе ги замрзнете). Така ќе исчезне непријатниот мирис.

31. Барате едноставен трик за издолжување на нозете? Побарајте чевли во слична нијанса како вашата кожа, бидејќи тие визуелно ќе ви овозможат подолги нозе.

30. Празно шишенце од вашиот омилен парфем завиткајте го во чисто шамивче  и протнете го во фиоката со долна облека, за секогаш суптилно убаво да ви мириса.

29. Од жештината, рамките на очилата за сонце (или за диоптрија) може да почнат да ја менуваат формата. Затоа, кога не ви се на очи, секогаш чувајте ги во кутија, а не на глава, особно ако денот е екстремно топол.

28. За да ги отстраните жолтите дамки од пот на маицата, пред перење, местото попрскајте го со лимонов сок.

27. Мит е дека широката облека е подобра за жените со голем граден кош или плус-сајз. Делот под градите е најтенкиот дел од телото, па нагласувањето на тој дел (кој што е повисоко од струкот)  со соодветно парче или моден додаток, ќе направи да изгледате „помали“.

26. За да ја отстраните шминката од кошула, поточно јаката, користете пена за бричење и ракавица за перење (најчесто фротирска).

25. Ако сакате да изгледате како девојка со најмногу стил во собата, а без многу труд, облечете кожено или плишено здолниште, или свилени панталони во комбинација со сива маица или буза.

24. Кога се двоумите, купете ги потесните фармерки, бидејќи со носење џинсот се растега.

23. Никогаш мокра обувка не сушете ја со фен или друг извор на топлина. Оставете да се исуши по природен пат. Топлината само ќе ја исуши кожата и обувката може да испука или да се преполови.

22. Наједноставниот начин да направите плакарот да ви изгледа организиран е да купите закачалки во иста боја и ист облик.

21. Пред да си легнете, ставете две-три лажички сода бикарбона во испотените патики и на тој начин ќе направите сите надворешни и внатрешни непријатни мириси да исезнат.

20. За гарантирано слабеење, следете ја ABC метода (no alcohol, bread or processed Carbs) – без алкохол, леб или јаглени хидрати.

19. За да го спречите туткањето на облеката во куфер, секое парче ставете го пластифицирани „футроли“ за облека.

18. Ако под градникот немате два прста комфорност, тоа значи дека ви е претесен.

17. Потребни модни додатоци – марами, очила за сонце, шапки и впечатлив накит. Со ова дури и наједноставните комбинации можете да ги смените и да ги направите привлечни.

16. Ве збунуваат подесувањата за перење алишта?  Запомнете – колку водата е пожешка, толку алиштата ќе бидат почисти. За повеќето парчиња облека, топлата вода е совршена, но, нечистата бела облека и лененото платно е најдобро д се перат во врела вода, за да се отстранат нечистотијата и тешките соли. Студената вода се користи најчесто при перење на специфични и нежни ткаенини.

15. Шапката треба да стои на околу 0.5 до 1 сантиметар над ушите.

14. После туширањето, употребете го фенот за да исчезне замагленото огледало и тоа за неколку секунди.

13. Добар совет кога го чистите плакарот: Викнете пријателка што има сличен стил со вашиот. Можеби некои парчиња што не сте ги носеле или не ви се допаѓаат за неа ќе бидат совршени.

12. Можеби звучи чудно, но силиконскиот пиштол одлично функционира за брзо порабување на здолништа, панталони, па дури и џинс. Но, не значи дека секогаш треба да го употребувате.

11. Распар чорапите можете да ги искористите во моменти кога имате болка. Наполнете ги чорапите со суви зрна или ориз и загрејте ги во микробранова 30-тина секунди и имате инстантен „грејач“ за болните места.

10. Носете ја новата кожена јакна кога врне. Така ќе ја омекнете и ќе дозволите малку да се рашири, а со тоа нема да се тутка на одредени делови од телото.

9. Ако немате време да ги перете градниците рачно, ставете ги во машина за перење, но во мрежеста торбичка и перете ги со студена вода. Потоа оставете ги да да се исушат на природен начин.

8. Употребете парче лимон за да го остраните вишокот или различните нијанси од лосион за самопотемнување.

7. Инвестирајте во свилени или сатенски навлаки за перници, за да го спречите кршењето на косата во текот на ноќта.

6. Ако не сте сигурни дали сакате нешто да купите, оставете го. Доколку наредниот ден сè уште размислувате за тоа, одете и купете го.

5. Имате копчиња што не ви требаат или монистра, украси од облека? Отстранете ги од облеката и ставете ги во вазна за цвеќиња, ќе добиете супер декорација.

4. Добар чевлар може сосема да ги обнови вашите омилени обувки, дури и доколку лакот на обувката е скршен.

3. Ако ви се извлече конец од некоја кончена блуза, внимателно повлечете го од двете страни (и од горната и од опачината).

2. Нема ништо толку кул колку да се има сопствен стил. Модните робови никогаш не биле шик!

1. Кога ќе се извалкате (особено ако се работи за прав, дамки од стапки и слично), секогаш првин пробајте да ја исчистите дамката со триење од истиот материјал.

Објавено:
19 април 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
3.064 пати