3 едноставни и брзи начини за украсување на велигденски јајца

6 април 2019

Во пресрет на велигденските празници, уште пред сериозно да почнете да размислувате како да ги украсите велигднеските јајца, ние ви презентираме три едноставни и брзи идеи.

Со оглед на тоа дека не секогаш имаме можност да се посветиме на празничното декорирање колку што можеби би сакале, сигурни сме дека овие три предлога ќе ви бидат добредојдени наскоро:

#1  Шарени велигденски јајца

Потребно: темперни или прехрамбени бои, четкички

Украсување: За ова украсување е подобро да користите бели јајца. Секако, првин сварете ги и оставете да се изладат. Од друга страна, на неколку места капнете од боите кои сакате да ги користите. Потоа со четката направете линии кои не морат да бидат совршени и правилни. Токму затоа ова украсување е идеално и за оние кои не се многу по „уметничкиот израз“. На крај ќе добиете јајце кое како да е посипано со шарени трошки кои се користат за колачиња. 

 

#2 Сликарски велигденски јајца

Потребно: Тенка четкичка, пластично капаче и прехрамбени или темперни бои

Украсување: Поставете го јајцето на капачето. Четката ставете ја во боите со кои сакате да работите. Потоа, четката наместете ја врз јајцето и протресете ја или поминете преку влакненцата, со што бојата ќе се распрска. Измешајте неколку бои и оставете да се исушат. Толку е едноставно!

 



#3 Велигднески јајца со украсни трошки

Потребно: лепак, четкичка, трошки во боја, восочна (мрсна) хартија или самолеплива хартија

Украсување: Трошките ставете ги во сад со средна големина и голем отвор. На страна, на мрсната хартија ставете малку лепак, а потоа од истиот земете со четкичката и поминете го целото јајце. Така намачканото јајце со лепак, ставете го во садот со трошките и целата површина покријте ја со нив. Со лажицата притиснете ги, за да не се одлепуваат како што го движите јајцето. Бидејќи се склони кон разронување, овие велигденски јајца се совршени за декорација на едно место. Исто важно, ако имате мали деца, не дозволувајте им да ги јадат трошките ни случајно. 

Објавено:
6 април 2019
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
5.551 пати