4 генијални стајлинзи како да носите краток топ без да покажете гол стомак

5 јуни 2014

Кога првпат како тренд на писта беа презентирани фармерките и панталоните во цигара крој, требаше време да почнат да се пласираат изгледи на женски силуети што не се како манекенките со слаби и долги нозе. Со претставувањето на нова силуета, особено онаа што не е блиска до просечната жена, речиси секогаш поминува период за целосно да биде прифатена во јавноста. Таков е примерот и со кратките топови за кои неодамна  пишавме дека го имаат врвот на актуелноста во светски рамки. Но, не секогаш секоја девојка и жена на која и се допаѓаат ваквите пресечени силуети може да си дозволат  да ги носи токму онака како што  биле презентирани на писта. Секоја телесна конституција има одредени лимити, но и солуција за креативна примена токму на парчињата како краткиот топ. Доколку не можете да покажете гола кожа во пределот на стомакот, а сакате да носите краток топ, не очајувајте. Во продолжение ви сугерираме со четири генијални изгледи како да го споите ова актуелно парче и да го носите со голема доза самодоверба и без да покажете гол стомак.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
5 јуни 2014
Категорија: 
Направи сам