5 модни трикови што ќе ви помогнат да изгледате послаби

6 ноември 2013

Боите и кроевите на облеката се најважни и тие можат визуелно да ве направат до 3 килограми послаби. Можеби не сте ни свесни дека одредени парчиња што често ги имате на себе ве прават да изгледате со повеќе килограми колку што имате реално. Но, постојат и примери што делуваат спротивно, односно парчиња што прават да изгледате послабо. Ние ви нудиме 5 трикови кои ќе ви помогнат да „ослабнете“ за неколку минути.

Темни фармерки

Џинсот би требало најпрвин да одговара на конституцијата на вашето тело. Темните фармерки се идеално решение, а светол дел околу колената ќе направи ногата да изгледа послабо и подолго. Комбинирани со топ или маичка што го покрива струкот, споено со кратка јакна, одлично ќе се прилагоди на секоја фигура.

Долги џемпери

Погрешно е мислењето дека широката облека ќе направи да изгледате послаби. Но, долгите џемпери и пуловери, ќе и дадат на вашата фигура издолжен изглед. Затоа не се двоумете да ги облечете.

Струкиран фустан

Одлично ги прикрива недостатоците, доколку е во облик на песочен часовник, ја следи линијата на телото и нежно паѓа.

Туника

Широката туника може да изгледа контрадикторно во однос на нашите совети, но изненадно е делотворна. Важно е да го дефинирате обликот на туниката со некој ремен и секако облечете чевли на платформа, зашто нели што повисоки изгледате и послаби.

Долги црни ѕвонарки

Не мислиме на оние ѕвонарки што се носеа во 90-те, туку на оние од последните трендови чиј ѕвонест крој не почнува од колената. Новите модели на ѕвонарки во црна боја и висок струк ќе ве направат послаби, ако пак имате проблем со бутките, воопшто не ги облекувајте овие панталони. Одлучете се повторно за црните фармерки, но дефинитивно над нив да бидат препорачаните долги џемпери, патла и пуловери, што ќе ви го покријат овој недостаток.

Објавено:
6 ноември 2013
Категорија: 
Направи сам