5 супер корисни употреби на омекнувачот, а не се поврзани со облека

8 август 2019

Во денешно време не можеме да го замислиме перењето алишта без омекнувач, кој дава и прекрасна миризба на облеката.

Но, освен за оваа намена, омекнувачот може да послужи за уште неколку други домаќински работи, кои ви ги презентираме во продолжение:

1. За сјај на мазни површини

Ако случајно дома сте снемале од средството за подови и мазни површини, посегнете по омекнувачот за облека. Помешајте го омекнувачот со вода во сразмер од 1:4. Натопете ја крпата или џогерот и пребришете. Освен подови, со оваа растворена течност, можете да ги пребришете и сите стаклени и мазни површини.

2.Загорени тави

Ако ви загорело јадењето и сега остатоците никако не можете да ги исчистите, пробајте со омекнувач за алишта. Знаеме дека звучи неверојатно, но во садот што треба да се мие, ставете вода и омекнувач. Оставете да стои еден час, а после тоа со само неколку движења ќе биде чисто што ќе можете да го видите и својот одраз на дното од тавата.

3. Бигор

Омекнувачот е посебно погоден за чистење бигор на туш-кабините. На мокар сунѓер нанесете омекнувач и со тоа избришете ја вратата од туш кабината. Бањата подолго време ќе ви мириса убаво, а уште поважно, појавата на бигор ќе се намали, бидејќи капките нема веќе толку да се задржуваат на големата површина.

4.Освежувач на воздух

Ако не сакате да трошите пари на освежувачи на воздух, односно простор, бидејќи некогаш знаат да бидат и многу скапи, направете си самите. Во шишенце со распрскувач, ставете вода и омекнувач во размер 1:3. Малку протресете, а потоа со растворот попрскајте го килимот, завесите и останатите делови од домот каде сакате да имате свеж мирис. Оваа пракса повторувајте ја по потреба.

5.За четки за шминка

Факт е дека четките за шминки после некое време се валкаат, но можат магично да се исчистат и да бидат меки токму со омекнувачот за облека.

Што треба да направите? Измијте ги со облична вода, а потоа оставете десетина минути ги во вода во која сте ставиле неколку капки од омекнувачот. Откако ќе отстојат, измијте ги уште еднаш добро со вода, исушете ги и подготвени се за употреба. За да не се раздвојат влакната од чектката во водата, внимавајте водата да не ја допира врската помеѓу четката и дршката. Овој трик може да се примени и на четките за сликање.

 

Објавено:
8 август 2019
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
861 пати