Козметичките препарати направени се врз основа токму на овие рецепти, но природните додатоци се заменети со хемикалии, вештачка боја, мириси и конзерванси. Природната убавина е бесценета, па токму поради тоа ние ќе ве потсетиме на неколку совети од рецепти кои се пренесуваат од генерација на генерација

1.Еден од најпопуларните рецепти е маската за лице од бадемово масло и мед. Оваа маска за лице е добра за враќање на сјајот на кожата, а потребно е да измешате лажица бадемово масло и половина лажица мед. Нанесете ја смесата на лицето, нека постои дваесетина минути и потоа измијте го лицето со млака вода. Не заборавајте по миењето да нанесете крем за лице.

2.Наутро добро би било да користите маска за лице на база на овес. Помешајте го овесот со вода, нанесете ја на лицето и вратот. По дваесет минути измијте ја маската и ќе забележите дека кожата на лицето ќе ви биде помека.

3.Доколку на вашето лице се појавија првите брчки, најдобро би било веднаш да нанесете вода од јачмен и балсам на критичното место.

 

iStock_000011005951-small

 

4. Доколку кожата под пазувите ви е поцрнета од депилацијата, нанесете на местото мешавина од сок од краставица, куркума и сок од лимон. Секојдневно третирајте ја потемнетата кожа со оваа смеса се додека кожата не го врати првобитниот тен.

5. Лековитото својство на пискавецот се препорачува на сите оние кои имаат проблеми со мозолчиња, митесери и сува кожа. Од листовите од пискавецот направете густа смеса, нанесете ја на лицето во текот на вечерта и сабајлето измијте го лицето со топпла вода.

6. Доколку имате брчки околу очите, нанесете белка од јајце и по сушењето измијте го лицето. Повторете ја постапката неколку пати и ќе видите дека има резултати.

 

Објавено:
19 април 2013
Категорија: 
Направи сам