Беж аксесоарите ја имаат моќта за компактност со секој стајлинг

16 јуни 2014

Токму во моментите кога не знаете која нијанса да ја искомбинирате со парчињата што веќе сте ги споиле како стајлинг или пак ви недостасува одредена боја од некое парче, како солуција веднаш поставете си ја  беж нијансата. Било кој аксесоар во оваа нијанса, како обувки, накит, чанта,  е магичната солуција што одговара речиси со секоја комбинација од бои.

За оваа топла летна сезона ви препорачуваме неколку парчиња што ќе ви бидат од голема олеснителна околност при создавањето на вашите секојдневни аутфити. Бежовите нијанси даваат свежина од изгледот, затоа воопшто не се двоумете да си набавите неколку вакви значајни аксесоари. Овувките во беж тон речиси се и најпотребниот чифт што треба да го поседувате, затоа наш предлог се летните чизмички со отворени прсти, кои можете да ги комбинирате како во дневни така и во вечерни комбинации.

Чантата во ваква нијанса ќе ви се најде токму во моментите кога ќе помислите дека немате соодветна боја за комбинација со силни летни бои. Наша сугестија е да поседувате како клач, така и поголем спортски модел.

Летните дамски шапки во оваа боја ќе допринесат пред се да се заштитите од сонцето. Освен што ќе изгледате како вистинска тренди  дама, ќе можете почесто да го носите зашто тој одговара со се.

Ременот исто така ќе го вклучиме во оваа категорија на важни аксесоари, ова парче го користиме речиси секој ден затоа посочуваме дека ременот во овој колорен тоналитет има клучно својство од летните стајлинзи.

Објавено:
16 јуни 2014
Категорија: 
Направи сам