Бидете трудница без стилска лимитација

8 август 2014

Бременоста е посебно искуство во живот на секоја жена, а таквата фаза во која телото се менува не треба да претставува никакво ограничување во однос на изборот на комбинации како дневни така и вечерни. Тоа што сте бремена само дополнително нека ве стимулира да уживате во новата блажена состојба која само ќе ја зголеми женственоста. Ако порано, барем на наши простори некои од трудниците купуваа облека во посебни кроеви специјализирани само за бремени, денес нештата се изменија во однос на таквата облека, а жените немаат никакви стилски предрасуди кога стомакот ќе порасне.

 

Освен тоа што на неколку наврати ви посочивме како славните холивудски мајки се облекуваат за време на 9 месечниот период од бременоста, во продолжение ве мотивираме и инспирираме преку богата галерија од изгледи на трудници кои на креативен начин спојуваат парчиња облека што речиси и воопшто не се разликуваат од стилот кој тие го негуваат.

 

Макси здолништа, бохо фустани, комбинезони, коктел фустани, па дури и мини здолништа, секако доколку телесната конституција ги дозволува, а стомачето на некој начин доживувајте го како сладок аксесоар што го зголемува вашиот шарм. Топлиот летен период знае да биде навистина тежок за трудниците, затоа не се оптоварувајте многу, избирајте лесни и пријатни материјали и бои во кои ќе се чувствувате комфорно и флексибилно преку целиот ден.

 

Објавено:
8 август 2014
Категорија: 
Направи сам