Четири модни совети за визуелно подолги нозе

22 април 2014

Не сите девојки и жени имаат среќа да бидат градени со долги и тенки нозе, меѓутоа со помош на неколку модни трикови тие  ќе изгледаат визуелно подолги.

 

Избегнувајте чевли со ремен околу глуждот

Иако совршено се надополнуваат со здолниште во молив крој, ременот на ваквите чевли визуелно ќе ги скрати нозете и тие ќе изгледаат пократки. Применувајте обувки во бежова нијанса или боја на кожа и такви на платформа, што ќе ги нагласат нозете и нивната должина. Бежовите и песочните нијанси што се поблиску до бојата на кожата секогаш визуелно ќе ги издолжат вашите нозе.

Панталони во иста боја како и обувките

Носењето панталони и обувки во иста боја, исто така визуелно ќе ги продолжи нозете зашто во таква комбинација ќе се спои границата меѓу панталоните и обувките, односно нема да биде впечатливо видлива. Правилото важи и за хулахопките кога носите фустан или здолниште. Ако е возможно да пронајдете идентична нијанса на чевли и долен дел парчиња облека, тие ќе се покажат како одличен спој.

Мини здолништа и кратки панталони со висок струк

Кратките парчиња се најдобрите „пријатели“ на визуелното издолжување на долните екстремитети. Сепак, водете сметка и на вашата коституција, односно поставете граница на должината, која во никој случај не треба да алудира на вулгарност. Здолништата и панталоните со висок струк се вистинскиот избор, наместо оние со низок, кои напротив ги скратуваат нозете. Моделите на здолништа како балон и оние слоевитите се идеални, а избегнувајте ги припиените модели.

Носете шпиц обувки

Обувките со шпиц најпрво визуелно го издолжуваат стапалото, но и целата нога. Затоа, задолжително имајте барем еден ваков  чифт. Сега е лесно да ги најдете, бидејќи се едни од најтрендовските.

Објавено:
22 април 2014
Категорија: 
Направи сам