Во есенската сезона речиси секој ден може да очекуваме дождови и сиво време, но тоа не значи дека не треба да уживаме на нашите балкони тогаш кога имаме можност за тоа.

Пред сè, инвестирајте во заштита од дождовите со некоја шик тенда или дрвена ограда од страните, па потоа направете мало царство во кое ќе уживате во текот на целата есенска сезона.

Со мали промени и нови мали предмети, вашиот балкон може да го претворите во есенска оаза во која ќе уживате и вие и вашите пријатели.

Она што прво можете да го направите е да вметнете волнено ќебенце со кое ќе се покриете во студените денови, но и ќе ви помогне да креирате топло катче на вашиот балкон.

Задолжителна е заштитата од дожд, па потрудете се да најдете соодветно и воедно, стилско решение кое ќе биде идеално за есенските денови.

Светилките се секогаш на прво место кога сакаме да оставиме впечаток во некој простор, па така и оваа есен, разубавете го балконот со повеќе светилки во низа или некоја шик лампа.

Додајте и неколку украси кои се симболични за ова време од годината, како тикви, суви цвеќиња, суви парчиња портокали и лимони и сè што ви е омилено оваа есен.

Сламените корпи се секогаш омилени украси и собираат сè што можете да замислите, па така набавете си неколку и украсете го балконот уште денес.

Во галеријата погоре има неколку супер идеи кои може да ви послужат.

Извор и фото: Modamo.info

Објавено:
8 октомври 2018
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.469 пати