Еден флорален фустан стилизиран на пет различни начини

20 март 2017

Меѓу омилените пролетни парчиња, особено кај дамите кои го преферираат романтичниот стил, е неизбежниот флорален фустан.

Со оглед на тоа дека временските услови веќе дозволуваат да го облечеме нашиот омилен фустан со цветни принтови, ќе ви предложиме пет различни начини како да го комбинирате со другите парчиња од вашиот гардеробер.

#1 Флоралниот фустан облечете го врз ролка во бела боја и комбинирајте со елегантни сандали

#2 Комбинацијата панталони+фустан, повторно е ултимативен тренд, па ви предлагаме да ја пробате и оваа варијанта

#3 Црни чизми до глужд комбинирани со флорален фустан се кул спој

#4 Врз фустанот облечете блуза по долги ракави и нагласете го струкот со широк ремен

#5 Доколку го обожувате слоевитото комбинирање, тогаш ќе ви се допадне оваа комбинација на флорален фустан и мантил или лежерно палто до колена.

Објавено:
20 март 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
302 пати