Единствените 12 парчиња што ви се потребни во плакарот

17 јануари 2017

Познато е дека речиси секоја жена ужива во шопингот, но исто така дека дури 70 проценти од облеката во гардероберот не ја ни носи.

А всушност, само 12 парчиња ни се потребни за бројни комбинации. Затоа, ако не сакате залудно да трошите пари, прочитајте кои се парчињата во кои треба да инвестирате:

Кожена јакна

-Безвременско парче кое можете да го комбинирате на многу начини. Носете ја со џинс, деловно здолниште, фустан, маица без ракави...

 

Блејзер/Елек

-Ниту еден гардеробер не е комплетен ако во него нема блејзер или елек. Може да ви се најде за деловни пригоди или вечерни излегувања. Во комбинација со бела кошула и панталони изгледа одлично за работните ангажмани, додека со  тесен џинс и маичка со принт е добар избор за вечер со пријателите или партнерот.

 

Тексасна јакна

-Уште едно во низата класици кога се модните парчиња во прашање. Благодарна е за бројни комбинации, а можете да ѝ дадете нов изглед со разни апликации, беџови, мониста... Со плетено миди-здолниште ќе постигнете шик изглед, со фустан, шорц, џинс, ма можете речиси со сè да ја комбинирате.

 

Миди фустан

-Совршено парче  што ѝ е потребно на секоја жена. Во комбинација со јакна, кошула која ќе ја врзете околу половината или наметната на рамениците, ќе бидете вистинска кралица на уличната мода. Исто така, ова е еден од најдобрите избори за свечени пригоди.

 

Широк фустан

-Тука мислиме на фустаните од било кој крој, само да се широки. А кога ќе купувате таков, гледајте да е со должина што е соодветна и за работното место, но и надвор од него. Ако е без ракави, можете да го носите и со кошула одоздола, а доколку изберете некој со долги или куси ракави, тогаш извадете ја тексасната или кожената јакна и подготвени сте за излегување со пријателите.

 

Бела кошула

-Ова е едно од оние парчиња што не знааш дека ти требаат, сè додека не купиш една. Бела кошула е класика и секоја жена треба да ја поседува, особено затоа што не постои пригода и комбинација во која не можете да ја вклучите.

 

Маица со принтана порака

-Маицата со порака е нешто што ќе ги развесели вашите комбинации. Тренди е, одлично за комбинирање со јакна или блејзер, елек, со здолништа, џинс, а притоа со изборот на пораката, ќе внесете дел и од вашата личност.

 

Металик маичка

Кога треба да се одберат клучни 12 парчиња, тогаш тоа треба да се парчиња што може да се комбинираат лесно и да се лесни за облекување. Металик маичка со прерамки е полн погодок. Преку ден може да се комбинира со лежерни парчиња како џинс, маици, блејзер и слично, додека за вечерни излегувања со кожена јакна и здолниште на пример.

 

Маица со голи раменици

Ова парче е хит веќе неколку сезони и токму затоа има безброј комбинации кои можат да ве инспирираат. Може да биде и елегантна и кул истовремено, па дури и да не сте голем љубител на голи раменици, сепак обидете се со нешто ново и внесете свежина во гардероберот.

 

Совршени фармерки

Нема потреба да се објаснува за ова парче, тоа е основата на бројни комбинации. Она што треба да се каже е дека треба да обрнете внимание на вистинскиот крој, бидејќи тоа ќе направи да изгледате беспрекорно.

 

Плисирано миди-здолниште

Апсолутен тренд кој се врати благодарение на „Гучи“. Нашите мајки и баби имаа по неколку такви, па ако не сте купиле, искористете некоја нивна. Одлично можат да се вклопат во различни стилови, па ја носат и оние со лежерен, и оние со елегантен стил. Во комбинација со маица со принт или металик ќе бидете апсолутен моден хит.

 

Кратки панталончиња

И тоа на ластик. Не секој може да се пронајде во ова парче, но зошто да не се обидете? За следната сезона набавете си едни такви и ќе видите колку ќе бидат благодарни за комбинации. 

Објавено:
17 јануари 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
8.186 пати
Тагови: 
парчиња плакар 12