Ако оваа есен сакавте да внесете некаква промена во домот, почнете од бањата на која треба да и се посвети подеднакво внимание како и на останатите простории во домот.

Реновирањето на бањата секогаш бара добро планирање и буџет поради што многу често се решаваме да ја оставиме за во некоја друга прилика.

Но, малите и креативни промени секогаш се добредојдени и не бараат многу време и пари, па така оваа есен со малку труд, направете бањата да биде место во кое ќе уживате.

Она што прво можете да го направите е да го промените огледалото со некое во интересна форма и со шик рамка, да ставите цвеќиња на разни места, да купите нови и впечатливи пешкири или пак некое мало килимче кое ќе го разубави целиот простор.

Секогаш можете да наредите миризливи свеќи, некои ѕидни лампи, да набавите нови чашки за сапун и четки за заби, па дури и да бојадисате некој ѕид во некоја нова и убава боја.

Доколку есенва ви требаше нешто ново во домот, со помош на овие совети и фотографиите во галеријата, викендов е совршено време да започнете со акција.

Извор: Modamo.info

Објавено:
26 септември 2018
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
327 пати