Иако крзното и пердувите како детали најчесто се имплементираат во зимските аутфити, сепак егзотиката е до толку обожавана, што секогаш се наоѓа начин да биде присутна во сите сезони.

Па затоа, пердувите не ретко ги гледаме во различни стилизирани пролетни и летни изданија.

Затоа, ќе ве инспирираме со неколку примери како успешно да ги имплементирате пердувите во вашиот пролетен изглед, следејќи ги комбинациите од глобалните модни писти.

Може да започнете со наједноставна варијанта: горниот дел аплициран со пердуви комбинирајте го со едноставно здолниште во „пенкало“ крој. Токму такви комбинации имавме можноста да видиме во псоледните летни колекции на Балман и Изабел Марант кои ни понудија контраст помеѓу едноставни материјали и перјата како детали.

Спротивната на оваа варијанта исто така е една од најкатуелните: обична маичка комбинирана со перјесто здолниште. Помалку ексцентрична и невообичаена варијанта на егзотичните перја, видовме во колекцијата на Dsquared2, додека пак Луј Витон, Пол Смит и Барбери, пердувите ги искористија како впечатливи детали со кои секојдневната облека ја трансформираа во една поинаква и повпечатлива димензија.

Доколку пак, навистина сакате да импресионирате со својот изглед, тогаш облечете фустан целосно „прикриен“ со пердуви, како во случајот што го предлага модната куќа Фенди.

Објавено:
6 април 2015
Категорија: 
Направи сам