Грешки при облекувањето што несвесно ги правиме

4 октомври 2017

Токму поради тоа што несвесно правиме одредени грешки при облекувањето или при купувањето облека, ќе ви посочиме кои се најчести, со цел да им посветите внимание и да ги избегнете во следна прилика.

Иако на секој може да му се случи да одбере несоодветен градник за некој специфичен тип на фустан или поголем конфекциски број на панталони од соодветниот, сепак пожелно е да внимавате на неколку клучни моменти кои може да ве чинат не баш „вкусен" и допадлив изглед.

Облеката не е според ваши димензии

Доколку забележите дека некое парче облека не ви стои онака како што би требало, односно „не ви лежи", тогаш сосема легитимно е да прекроите облеката. Дури и најмалата корекција може комплетно да го смени впечатокот.

Претерувате со модни детали

Вистина е дека модните детали имаат големо значање во заокружувањето на една комплетна стилска слика, но доколку претерате со „китење" може да добиете контра ефект.

Носите преголема облека во однос на вашите пропорции

Иако предимензионираната облека е апсолутен хит, мора да се внимава како се носи. Тоа не значи дека сите парчиња од аутфитот треба да ви бидат некој број поголеми, туку треба да се обрне внимание на балансот.

Упорно носите трендови кои не ви одговараат

Не секогаш тоа што е тренд треба да се прифати здраво за готово. Никогаш не го изневерувајте вашиот личен стил и на сметка на тоа се присилувате да носите некое парче облека кое е е соодветно на вашиот имиџ, а е моментален тренд.

Несоодветен градник

Долната облека може да има клучно значење во одреден тип на аутфити, како на пример кога носите транспарентни фустани или кошули со длабоко деколте. Несоодветен градник или силиконски прерамки што ѕиркаат под блузата, може да изгледаат катастрофално.

Постојано купувате исти парчиња

Наместо постојано да купувате исти маички што по две вклучени перални може комотно да ги фрлите, подобро инвестирајте во безвременски парчиња кои може да ги носите со години и да ги комбинирате во бројни изданија.

 

Објавено:
4 октомври 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
4.983 пати
Тагови: 
Модни грешки