Идеи за велигденски јајца што досега сте ги немале

5 април 2017

Оние што го празнуваат големиот христијански празник Велигден, веќе сигурно размислуваат за тоа како годинава да им изгледа празничната трпеза и како поинаку да ги бојадисуваат јајцата.

Токму затоа ние одлучивме да ви помогнеме и олесниме со по уште некоја креативна идеја, што можеби досега не сте ја виделе или не ви текнала.

Ако пак креативноста ви оди од рака, тогаш нема сомнение дека сè што ќе видите во продолжение ќе биде забавно и лесно за вас.

Потребно ви е малку време, трпение, лепак и уште по нешто, во зависност од идејата. 

На пример, јајцата можете да ги декорирате со шишарки. Потребни ви се стари шишарки и лепак.
Можете да на правите и морков јајца, со што ќе ги бојадисате во портокалова боја, а горе ќе залепите зеленило или ленти зелен колаж.

Уште една идеја е да залепите композиција со копчиња или пак нежните пердуви да ги распределите на начин на кој вам ви се допаѓа.

Најмладите можете да ги израдувате во јајца што личат на сладолед во корнет за што ви е потребно само боја и четка.

Еден од брзите и едноставни начини да направите интересни велигненски јајца е и да залепите тетоважа во форма на пеперутка или цвеќе...

Секако, ако ве бидува за цртање, тогаш идеите за да им дадете лик се безбројни.

А еве и уште неколку:

Објавено:
5 април 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
3.309 пати