Имајте нокти во склад со пролетните колекции

8 март 2014

Пролетта доаѓа, а со тоа и ведрите бои и шаренилото. Во продолжение ќе прочитате неколку начини како можете да си ги направите ноктите инспирирани токму од пролетните колекции на светски познатите дизајнери. Нови начини, нова инспирација, нови трендови.

nokti dizajneri 2014 proljece01

Филип Лим - ресорт колекција за пролет 2014- шарена верзија

-Колкецијата изобилува со интересни принтови, а еден од нив е токму овој во продолжение кој можете да го аплицирате и на вашите нокти, а еве и како:

Потребни ви се лакови во сина, розова, жолта, зелена, портокалова, црна и бела боја; селотејп; четкичка за цртање нокти и проѕирен надлак.

Filip Lim 1

Првин нанесете ја базата во бела боја и оставете да се исуши. На ноктите вертикално залепете селотејп, но во средина оставете простор во кој ќе внесувате боја. Кога лакот ќе се исуши, отстранете го селотејпот. Со тенка четкичка исцртајте ги надворешните линии со црн лак. Можете да додадете уште по некоја линија на ноктот, по желба.

nokti dizajneri 2014 proljece08

Филип Лим - ресорт колекција за пролет 2014 - црно-бела верзија

Со „дамките“ не морате да бидете прецизни, што значи дека без страв можете да ги средите ноктите.

Filip Lim 2

Значи повторно нанесете бела основа. Потоа нанесете селотејп и страничните делови обојте ги со црн лак. Во средината „цртајте“ црни дамки, кои не мора да бидат еднакви. „Неуредноста“е ефектот што треба да се постигне.

nokti dizajneri 2014 proljece13

Иса Арфен

-Едноставен но интересен и ефектен маникир, инспириран од пролетната коелцкија на дизајнерката во која преовладува белата боја.

Iris

За овој маникир потребни ви се лак во бела боја и портокалова или црвено-портокалова. Потоа, проѕирен лак, стапчиња за уши со зашилен врв и ацетон.

Започнете со белиот лак, нанесете го преку целиот нокт, но не чекајте да ви се исуши сосема, затоа што средниот дел полесно ќе го остраните доколку лакот е се уште свеж. Стапчето намокрете го со ацетон и хоризонтално поминете по секој нок и по неколку пати ако треба се додека не добиете сосема чиста линија. Потоа со портокаловиот лак поминете ги врвовите на ноктот (ако ви е полесно поради прецизност нанесете селотејп), На крајот, поминете ги ноктите со транспарентен лак.

nokti dizajneri 2014 proljece18

Пролетна колекција на Шанел

Овој изглед на ноктите е инспириран од волнените јакни во розова, сива и во боја на праска.

Chanel

Потребни ви се лакови во бела, розова, сива, црвена, портокалова (боја на праска) и светлосина боја, четка за цртање и транспарентен лак. Како и во претходните случаи, нанесете бела основа. Потоа боете ги слоевите. Користејќи ја четкичката нанесете боја по боја. Првин од корен нансете го сивиот лак. Оставете го да се исуши малку, па потоа врз него нанесете лак во боја на праска. Рабовите нека не бидат рамни, туку како во форма на „цик-цак“ за да добиете слична текстура како на јакната. Скокнете една лента, оставете ја бела, а потоа повторно повлечете сива линија (забеста), па потоа црвена и розова. Преку сивата линија повлечете неколку мали цртки во светлосина боја за димензија. Оставете се да се исуши и завршете со транспарентен лак.

nokti dizajneri 2014 proljece23

Валентино

Етно мотивите од колекцијата на Валентино во орнаменти во тиркизна, златна и црвена боја сега можете да ги нацртате и на ноктите.

Valentino

Потребни ви се лакови во црна, црвена, тиркизна и крем-златна боја, четка за цртање и транспарентен лак. Овој пат подлогата е во црна боја.  Веднаш при коренот на ноктот на палецот нацртајте линија во златна боја, а над неа нацртајте црвен триаголник. Оставете да се исуши, а потоа на златната линија нацртајте два V облика, а црвениот триаголник од долната страна украсете ги со линии во црна боја. После тоа додајте и три цртки во златна боја во средина на триаголникот.

nokti dizajneri 2014 proljece28

Диор

Инспирацијата е од минатогодишната колекција, во комбинација со црна, црвена и розова боја.

Dior

Потребни ви се лакови во розова, црна и црвена боја, транспарентен лак и селотејп. Првин нанесете ја базната боја, во случајов розовата и оставете да се исуши. На секој нокт нанесете селотејп, но дијагонално. На ноктот сега нанесете црвен лак. Нежно одлепете го селотејпот, а на врвоите на ноктите нанесете црна лак. Финиширајте со транспарентен лак.

Објавено:
8 март 2014
Категорија: 
Направи сам