Искршено CD - нова украсна кутија или клач чанта

13 септември 2014

Еве одлична идеја како креативно да го искористите слободниот викенд. Ако мислевте дека компактните дискови (ЦД-а) веќе немаат никаква примена во нашето секодјневие кое веќе ги надмина нивните технолошки можности, со следниов пример ќе го докажеме спротивното. Секако, не се работи за нивната основна примена, туку нов креативен начин како компактните дискови да ги искористите за естетско украсување на кутија за накит или клач чанта.

Потребни ви се единствено: неколку непотребни компактни дискови, лепило, ножица и една обична кутија за накит или клач чанта.

Компактните дискови искршете ги на несиметрични делови. Потоа налепете ги истите на кутијата така што меѓу нив да се остави минимален простор. На крај добивате нова футуристичка кутија за накит или клач чанта која секако ќе привлече внимание со новиот дизајн за кој гордо може да кажете дека сами сте го изработиле.

 

Објавено:
13 септември 2014
Категорија: 
Направи сам