Јапонски десерт што изгледа како капка вода

28 ноември 2016

Јапонската кујна отсекогаш била полна изненадувања. Воопшто не е тајна дека токму во нивната кујна се прават некои од најчудните јадења и комбинации во светот кои се тотално неверојатни.

Она што нам ни е најблиску од нивната кујна и впрочем најдостапно се специјалитетите со суши за сите оние кои сакаат таков вид храна.

Постојат уште милион други рецепти на кои можеме да им се восхитуваме и иако ќе речеме дека можеби никогаш нема да ги пробаме, нивната магија и совршенство се нешто што е потврдено.

Последниот хит од јапонската кујна е јапонскиот воден колач „drop“ или „water cake“ кој изгледа како капка вода.

Тоа е и буквално така, бидејќи истиот мора да се консумира веднаш штом ќе се сервира, бидејќи за многу краток рок може да се растопи во садот.

Неговата главна состојка е вода во комбинација со желатин и шеќер во прав. Иако изгледа како да ќе се распадне ако го допрете, овој вкусен десерт се јаде со лажица и често се сервира со разни сирупи и печени зрна соја.

Она што го прави уште помагичен е тоа што оригиналниот рецепт може да се проба само на две места во Јапонија, а сѐ друго е само копија на ова колаче.

Последниве месеци на Интернет се појави и рецептот за подготовката на овој десерт, па многумина се обидоа да го направат истиот и во домашни услови.

Доколку и вие пробате, известете не дали навистина е толку вкусен!

Објавено:
28 ноември 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.731 пати