Како да го носите омиленото сако со нагласени рамена

15 март 2017

Со враќањето на тенденциите карактеристични за 80-те години на минатиот век, сезонава повторно се актуелни силуетите каде имаме нагласени рамена. Едно од најфорсираните прачиња во овој фазон, е сакото со нагласени раменици.

Во продолжение ќе ви предложиме како ваков тип на сако да носите преку целиот ден, односно како да го имплементирате во три различни аутфити: деловен, секојдневен-кежуал и вечерен.

За деловен стајлинг, комбинирајте го сакото со панталони во истиот дезен и материјал, а под него облечете бела кошула.

Во текот на денот, доколку претендирате опуштен изглед, сакото комбинирајте го со џинс и бохо кошула.


А во текот на вечерта облечете го со мини здолниште и маичка со натпис или интересна апликација.

Објавено:
15 март 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
615 пати