Миксањето принтови е особено забавно во пролет кога палетата на бои е максимално богата, а тоа е доволен мотиватор да комбинираме различни парчиња со принтови во нашето секојдневие. Но, доколку сакате оваа забавна „игра“ да не го промаши ефектот и од самите нас создаде неуспешен обид за креативен стајлинг, постојат неколку корисни правила како сигурен рецепт за солиден изглед.

Повторување на боите Повторување на боите

Основен предуслов за сигурен успешен микс на принтови е повторување на боите. Барем една боја би требало да се повторува во сите парчиња комбинирани во комплетниот изглед. Така на пример доколку ситните риги на белата кошула се во црвена боја, тогаш и основата на здолништето нека биде во истата боја независно од дезенот.

Различна доминација Различна доминација

Никогаш не комбинирајте еднакво доминантни принтови. Ако споите принтови со еднаква големина тогаш наместо урбано и креативно, ќе изгледате чудно. Затоа секогаш внимавајте на тоа едниот принт да биде централен и доминантен во однос на другиот, кој треба да биде поситен и ротирачки. Како пример може да ви посочиме панталони со изразен флорален принт и топ со суптилни ситни риги.

Правило 60-30-10 Правило 60-30-10

Ако спојувате три различни принтови, тогаш следете го правилото 60-30-10. Односно, принтот кој ќе го изберете за доминантен нека е застапен со 60 проценти од вашата комбинација, принтот кој ќе балансира нека се појавува со 30 проценти и третиот принт нека биде минимално застапен со 10 проценти.

 

Слични принтови Слични принтови

Миксајте слични принотви. Понекогаш доволно е само различна варијација на бои со слични дезени, за да добиете вистинска принт-комбинација.

Објавено:
13 мај 2014
Категорија: 
Направи сам