Можете да ги купите во разни бои и големини, а доколку знаете да шиете, ние ќе ви предложиме како да го направите тоа. Едноставна е за правење и совршено се вклопува во секој аутфит.  Ние го избравме црниот скај за шиење на чанта, а вие слободно можете да комбинирате разни материјали и бои. За изработка на оваа чанта ви се потребни:

-          Две парчиња скај (должина 42 см, ширина 35 см)

-          Патент

-          Ножици

-          Линеар

-          Молив

-          Машина за шиење

1. На внатрешната страна на материјалот со моливот и линеарот нацртајте една хоризонтална и една вертикална линија. Растојанието помеѓу линиите нека биде 1, 35 см.

2. Исечете ги нацртаните линии и започнете со плетењето.

3. Потоа следи шиењето. Со помош на машината зашијте ги сите страни за да не се распаднат исплетените ленти.

4. Пронајдете платно кое ќе послужи како постава. Одредете ја поставата според должината и ширината на скајот.

5. На внатрешната страна одредете го местото за патентот, означете го и оставете празен простор.

6. По поставувањето на поставата и патентот, време е за шиење.

7. И клач чантата е спремна за носење.

Објавено:
13 јули 2013
Категорија: 
Направи сам