Како да носите спортски топ во секој дел од денот

9 август 2014

Forever-21

Едно од задолжителните парчиња и оваа сезона е краткиот топ. Оние пак што го сакаат спортскиот стил, а и модата, веројатно би ги споиле овие две нешта. За таа цел во продолжение ви даваме предлог-комбинации за тоа како можете да го комбинирате ова парче во разни периоди од денот, во зависност од тоа каков стил сакате да практикувате.

1.Лежерна комбинација

svasta36_840_472

Кога ќе се каже лежерно, се мисли на удобно. Затоа за летните жешки денови наш предлог е класичен спортски топ со џинс шорц. Можете да додадете карирана кошула, која би ја носеле околу половината, или би ја облекле, во зависност од променливите временски услови. Патиките се неизоставен дел за да ја постигнете удобноста. Подготвени сте за освојување на денот.

8e31b91d5d1d0ffe2fa2d1c509e90094

2.Деловна комбинација

svasta38_840_472

Спортски топ можете и на работа да носите (секако доколку местото ви го дозволува тоа). Во овој случај одлучете се за минимализам, каков практикува на пример Карин Ројтфелд. Миди тесно здолниште и сако, како и сандали/чевли со висока потпетица ќе направат ултра тренди комбинација, во која ќе се чувствувате модерно и самоуверено.

6c7d507edcbba9a0465f7f19d57d54b1

3.Вечера комбинација

svasta39_840_472

Кога се работи за ваков тип на изглед, не се сомневајте дека можете да бидете мошне секси и заводливи во спортски топ. Во комбинација со куси кожени панталони со висок струк и модни додатоци - интересна чанта, минималистички сандали, ќе бидете девојка што нема кој не би ја забележил.

white-zara-blazer-blue-jersey-sport-romwe-t-shirt.jpg-w620h929

7cb28314801a68763a6a2406f935dd13

eddde7f0bee07651c1031fe99ae44aec

13712b224555feb6e3f5b4fb0ff41ef2

632e35b8559551dd3df5f97fbd4c1857

47519236815ff085228e55886fa3be34

c34bae1fb07af2f4367bbff225a1c910

Објавено:
9 август 2014
Категорија: 
Направи сам