Во денешно време, се чини дека добар процент од девојките поголемо внимание посветуваат на комбинациите за вежбање, отколку на самото вежбање.

Пред сѐ, она што ќе го изберете да го носите на одреден тренинг, треба да направи да се чувствувате удобно и да можете да вежбате во истите тие парчиња, без разлика дали се од пред неколку сезони.

Денеска, конкретно ќе ви дадеме неколку предлози за комбинациите за часовите по јога, каде удобноста е пред сѐ.

Секогаш, имајте ја на ум вашата возраст и она како изгледате, пред да се одлучите за тесни капри хеланки во кои не можете да дишете.

Конкретно за часовите по јога, најдобро би било доколку се одлучите за слоевита, удобна и поширока облека, како на пример памучни хеланки и малку поширока маичка или блуза од она на што сте навикнати.

Обидете се да се забавувате со боите и да одбирате колоритни парчиња што ќе внесат забава и свежина во вашите комбинации и дополнително ќе ве разведрат.

Доколку имате некој килограм повеќе, што не би требало да ви биде важно, одберете потемна боја кај долниот дел облека, но сепак одлучете се за посветла маичка или блузичка.

Кога одите да одбирате облека за вежбање, бидете сигурни дека хеланките не ви се претесни со тоа што ќе направите неколку потези за да ги пробате. Истите секогаш мора да бидат од растеглив или памучен, мек материјал за да можете лесно да се движите и да вежбате во нив.

Ако сепак внимавате на тоа како се облекувате во салата за вежбање и сакате да бидете модерни, лесните и тенки блузи со долги ракави се полн погодок кога станува збор за стилско комбинирање на хеланките.

Иако подолго време брендовите за спортска облека прават парчиња на кои е видно нивното лого или безброј други принтови и колоритни моменти, секогаш запомнете дека треба да се фокусирате на едноставната облека што нема да привлекува внимание и во која ќе се чувствувате најприродно.

Успешно вежбање!

Објавено:
20 октомври 2015
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.268 пати