Како Французинките носат парфем?

7 февруари 2018

Кога ќе помислите на Париз, или генерално, Франција, меѓу првите асоцијации се модата и козметиката, а во контекст на тоа и пафемите.

Французинките имаат посебен однос кон кон негата и се придржуваат на неколку правила кога се парфемите во прашање, а кои ви ги презентираме во продолжение:


Не ставајте премногу парфем

Парфемот треба да е дискретен. Да поттикнува копнеж, да крие тајна.  Француската манекенка Инес де ла Фресанж (60) открива каков однос има таа кон парфемот:

„Јас савам малку парфем на вратот, на рачниот зглоб и ќалот. Тоа го научив од мојата баба.  Таа обожаваше парфеми. Еднаш кога ја посетив во болница, на масичката до креветот имаше шишенца парфем, но ниту еден лек. Тоа беше сладок начин да привлече посетители. Инаку, Французите посебно ги почитуваат брендовите што не се толку познати, но пред сè е важен квалитетот“, вели моделот.


Нека ви мириса секој ден

Направете секојдневието да ви мириса на парфем. Ставете по малку од вашиот омилен парфем во фиоката со долна облека. Во автомобилот користете некој од мирисите за дома. На влезот од домот ставете миризливи стапчиња, што не само што ќе придонесат за убава миризба, туку и ќе ве опуштат. Не запоставувајте ја канцеларијата, таа веројатно е вашиот втор дом. Бидете опкружени со пријатни мириси.


Бидете верни на еден парфем

Ова е можеби и најважното правило од кое Французинките никогаш не отстапуваат. Верни се на мирисот што им се допаѓа. Тој е дел од нивната личност, ги карактеризира.

„Французинките им се верни на своите парфеми. Со години носат еден ист мирис и не го менуваат, без разлика кој дел од денот е или кое годишно доба. Мислам дека Американките пак, сакаат да имаат што повеќе парфеми. Купуваат нови работи за кои ќе видат во магазините или на промоции во стоковни куќи. Но, такво нешто во Франција не постои, или не во таа мерка. Не прашувајте ме за новите парфеми. Најчесто не ми се допаѓаат. Премногу ми се агресивни, има премногу ирис, гријпфрут или што ти сè не!“, потенцира 60-годишната убавица.

Објавено:
7 февруари 2018
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.484 пати