Како лалињата да ви траат подолго?

22 март 2019

Лалињата се преубви пролетни цвеќиња, но на многумина не им се омилени бидејќи имаат краток рок на траење.

Токму затоа, во продолжение ви откриваме неколку трикови со кои лалињата подолго ќе ви го разубавуваат домот или работниот простор:

1.Купувајте млади лалиња

Ако сакате подолго да траат, секогаш одбирајте лалиња кои се уште се затворени и имаат зелени пупки, кои не се сосема обоени. Цветот ќе се отвори за неколку дена, а вие подолго ќе уживате во убавината на овие цвеќиња.

2. Отсечете го дното на стебленцето

Околу половина сантиметар е сосема доволно и направете го тоа под агол од 45 степени, бидејќи на тој начин растението полесно ќе ја впива водата од вазната.

3. Одберете соодветна вазна

Вазната нека биде висока така што, под вода ќе биде барем половина од стебленцето. На тој начин цветот ќе може да се „потпре“ на вазната без да се свитка. Ако е пократка, цветот ќе се свитка и на тој начин побрзо ќе овенее. Исто така, вазната нека биде чиста, за лалињата да не ги „соберат“ бактериите кои останале, кои доведуваат до побрзо венеење.

4. Внимавајте на температурата на водата

Вазната наполнете ја студена вода од чешма, која ќе помогне цвеќето да остане свежо. Топлата или жешка вода ќе ги „опушти“ цвеќињата.

5. Распоред на лалињата во вазната

Поставете ги лалињата во круг. Распоредете ги така што секое ќе има малку место во вазната, наместо да ги наредите едно врз друго, со што ќе го спречите нивното згмечување.

6.Избегнувајте количеството вода

Лалињата бараат многу вода. Внимвајте да не останат на суво, бидејќи така, логично, ќе свенеат бргу.

7. Директно сонце

Избегнувајте да ги ставате директно на сонце, бидејќи жештината воопшто не им одговара. 

8. Други додатоци

Конзервасот за цвеќето значително ќе го продолжи животниот век на лалињата. Може да се купи во цвеќара, а на самото пакување има и упатство за употреба. За лалињата подолго да останат свежи ќе помогне доколку во водата во вазната додадете малку шеќер или лимонов сок, па дури и парички.

Објавено:
22 март 2019
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.517 пати