Како најлесно да го дезинфицирате накитот?

23 март 2020

Во време кога треба да бидеме исклучително внимателни, педантни и одговорни, ќе ви презентираме неколку совети како да го дезинфицирате накитот.

Златен накит:

Пиво: Дел од мека чиста крпа намокрете во пиво и со неа чистете го парчето накит. Потоа земете друга чиста крпа да го пребришете. Исто така, можете во мала чашка да ставите пиво и да го ставите златниот накит да отстои, а потоа да го пребришете со чиста крпа.

Сјај за садови: Неколку капки од средство за миење садови капнете во сад со топла вода. Во течноста ставете го златниот накит и нека стои така 10 до 20 минути. Потоа земете стара четкичка за заби и поминете го нежно накитот. На крајот, измијте со вода и исушете го.

Зовриена вода: Златниот накит ставете го во стаклен сан. Потоа зовријте вода и полека исипете ја преку накитот во садот. Чекајте додека водата не се излади доволно за можете да ги извадите парчињата накит од течноста. Потоа истријте ги нежно со стара четкичка за заби. На крајот, повторно измијте ги и исушете.

Сребрен накит:

Кечап: Нежно нанесете кечап на парчето сребрен накит и оставете неколку минути. Потоа само исперете под вода и исушете.

Оцет и сода бикарбона: Помешајте 1/2 шолја оцет и две лажички сода бикарбона, па во смесата ставете го накитот. Оставете го неколку часа, а потоа исперете со вода и исушете.

Сол и алуминиумска фолија: Помешајте две чаши жешка вода со една лажичка сол. Кога солта ќе се растопи сосема, додадете неколку ленти алуминиумска фолија и вашиот сребрен накит. Нека отстои неколку минути, а потоа исперете и исушете го.

Сода бикарбона и алуминиумска фолија: Земете сад и обложете го со алуминиумска фолија (сјајната страна да биде на површина), потоа ставете го сребрениот накит внатре, а потоа и врелата вода. На крајот додадете две лажици сода бикарбона и оставете да отстои накитот околу 30 минути. Потоа исушете го и избришете.

Накит со скапоцени камења:

Топла вода и детергент: Никако не користете средства на база на алкохол, бидејќи ќе ги уништат прстените. Послужете се со топла вода во која ќе ставите неколку капки благ детергент за садови.

 

Објавено:
23 март 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
310 пати