Како облеката да ви делува „скапо“

4 август 2013

dress-clothes

Постојат неколку начини својата облека да ја средите и да делува поскапо отколку што навистина е. Едноставните трикови како менувањето на копчињата, можат да направат голема разлика и да ја изменат вашата стара облека.

Посетете шнајдер

Евтините маици може да заблексаат ако ги прилагодите на своите мерки, затоа што немаме сите совршено тело. Нема да ве чини многу, а ќе изгледате многу подобро.

Накит

Фантастичен прстен, гердан или обетки го менуваат изгледот на секоја комбнација. Но, сепак многу е важно да ги усогласите парчето накит со парчето облека. Свечениот накит не оди на памучна маица и обратно - пластика не оди на вечерна тоалета.

Одржувајте ја формата на чевлите

На сите ни се случува да дозволиме чевлите да ни станат оштетени, остарени и „износени“. Но, од време на време посетете го кондураџијата и посоветувајте се околу начинот на одржување.

Инвестирајте во квалитетен капут

Вашиот капут е првата работа која луѓето ја гледаат, па затоа не штете пари на него. Кога ќе го изберете вистинскиот капут, ќе ви биде полесно да ја искомбинирате и облеката.

Хемиско чистење

Ова можеби е поголем трошок, но во исто време е и инвестиција. Постојат работи што не можеме сами да ги исчистиме, па затоа хемиското чистење овоможува и поголем „рок“ на траење на облеката.

Кога се двоумите - купете црно

Темните бои изгледаат поскапо, а и подобро ги сокриваат несовршеностите, како на самата облека, така и на телото.

Средете ја косата

Уредната коса е секогаш модерна. Кадриците се секогаш добродојдени, како и убаво оформената пунџа.

Пегла на пареа

Некои материјали како на пример сатенот, едноставно не „трпат“ истуткани линии, затоа потрудете се секогаш да носите добро испеглана облека. На тој начин и ја зголемувате цената, а и вие оставате убав впечаток.

Уреден плакар

Кога не водите сметка за тоа како ги складирате работите, тие се текот на време се оштетуваат и бледеат. За да спречите растегнување, „зафаќање“ и слични оштетувања, секогаш убаво складирајте ја облеката.

Објавено:
4 август 2013
Категорија: 
Направи сам