Како правилно да одберете и носите макси здолништа

28 јуни 2013

Уште во првите дизајнерски колекции за пролет-лето 2013, сфативме дека макси здолништата ќе бидат еднаод најатрактивниите тенденции на сезоната. Судејќи по она што го видовме во колекциите на познатите модни куќи ова модно парче стана must have во плакарот на секоја жена која сака да биде тренди и модерна.

 

 

Оваа сезона најмодерни се пастелните, силните бои, графичките, животинските, етно и цветните принтови, па така и здолништата од прилика треба да го уживаат тој изглед, но со подобрена форма, асиметрични, лелеави, долги до доле, брановидни, со висок или низок струк здолништа. Изборот е голем, одберете го оној модел кој се вклопува со вашиот стил.

Како да изберете макси здолниште кое ќе се вклопи со вашиот физички изглед:

Макси здолништата се многу универзално парче, од аспект на тоа дека совршено се прилагодува на секоја облик на телото кај жените и девојките, и кога е направен вистинскиот избор, може да послужи и како параван, сокривајќи ги проблематичните делови од телото кај секоја жена или девојка, а за возврат да ги нагласи оние атрибути кои се убави и секси.

Високите дами кои сакаат да изгледаат малку пониски, треба да изберат здолниште во две бои, кои меѓусебно се одделени со хоризонтална линија. За да ефектот биде посилен, искомбинирајте го здолништето со кратко болеро или палто, тоа исто така ќе создаде илузија на вашата висина.

 

 

Жените кои имаат низок раст треба да одберат здолништа кои се долги до доле, имаат повисок струк и околу половината имаат ластик. Комбинацијата на ваквите здолништа со блузи во „V“ израз, ќе ја издолжи нивната и онака совршена силуета.

Слабите девојки можат да носат и здолништа со понизок струк но и со асиметрични линии, напред пократки, позади подолги. Правило кое не важи за оние пополните.

Елегантно пополнетите девојки треба да бидат внимателни во изборот на макси здолништа, избирајќи модели кои нема да бидат дизајнирани од тешки материјали во силни бои, за да  да го избегнете моментот да бидат акцентирани оние области од телото кои сакате да ги сокриете.

 

 

За дамите кои имаат бујно деколте или широки рамена, најдобар избор е макси здолниште со висок струк, линијата која ќе се прекршува под градите ќе направи да има баланс на силуетата на телото.  Истото важи и за девојките кои сакаат да ја нагласат својата витка половина. И за вас здолништата кои се долги до земја и со висок струк се идеално решение, со тоа што можете да искомбинирате некој убав ремен, детаљ кој уште повеќе ќе стави акцент на вашиот струк. Друг интересен момент е дека макси здолништата можат да ги скријат несовршените нозе. Темните бои на долги здолништа можат да создадат илузија на потенка силуета, во областа на бутовите и колковите.

 

 

Како да ги комбинирате макси здолништата:

На пример можете да ги носите на романтичен состанок со момчето, на бизниз состанок, на работа, на забава, гала вечера, на плажа, да го комбинирате со моторџиски чизми и кожна јакна за да добиете рок фазон. Одлично се координира со лесна летна јакна, или плетен џемпер, со широки или припиени маички, блузи,топови или кошули. Изборот го правите вие. Накитот му дава еден поинаков шмек на целиот изглед, затоа одберете масивни парчиња на накит, шапка, ремен, и чевли кои во зависност од вашите пропорции ќе го надополнат и усовршат целиот изглед.

 

 

Имате идеи, модели и бои, бидете креативни и оживејте го стајлингот од вашата фантазија.

 

Објавено:
28 јуни 2013
Категорија: 
Направи сам