Како со реупотреба на материјали да си креирате уникатен брош?

21 март 2020

Инвентивната дизајнерка на накит Маја Стoјковска, која твори и под етикетата „Mei Ro" чиј заштитен белег е еколошкиот пристап кон дизајнот, со реупотреба на материјали создава супер кул накит и декоративни детали.

За неа сме пишувале во неколку наврати до сега, а она што последно нè инспирираше е изработката на интересен брош во чиј дизајн се искористени веќе користени материјали – жици и метални елементи.
Целиот процес на изработка е објаснет во пост на нејзиниот профил на Инстаграм.

 

Ваквиот етички концепт во третирање на модниот дизајн има клучна улога во поставувањето на повисоки еколошки стандарди што имаат значајна улога во одредувањето на иднината на моднот свет. Одржливата мода, која вклучува реупотреба на материјали е предизвик кон кој се стремат звучни имиња од оваа бранша, со високоразвиена колективна, општествена еколошка свест.

Брошот што го дизајнираше Маја е еден позитивен пример како добрата идеја и талентот создаваат вреден и уникатен производ.

Објавено:
21 март 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
193 пати