Каков гардеробер им е потребен на жените?

22 февруари 2014

Жените сакаат да имаат место во кое ќе може да им ги собере сите прекрасни парчиња кои им се приврзани за срцето. Тоа место дефинитивно мора да биде функционално, пространо, добро организирано и по можност осветлено. Вака некако би требало да изгледа омиленото светилиште на жените – драгоцениот гардеробер!

Секогаш да има доволно место

Жените секогаш сакаат да имаат место на кое ќе можат добро да се средат. Тоа место мора да биде функционално и добро организирано. Вака според многу жени би требало да изгледа идеалниот гардеробер.

Доволно простор за плакар

Она место во домот што најмалку го користите како на пример таван, остава или дополнителен кат или поткровје, е совршено место за женски гардеробер. Креирајте го својот гардеробер по своја желба и уредете го така што во него ќе се чувствувате пријатно.

Место за чување на чевлите

На оние жени што имаат повеќе чевли отколку облека, потребно им е посебно место во плакарот за нивните чевли. Ангажирајте мајстор за да ви направи ормам во склоп на плакарот или барем полици каде ќе ги поставите чевлите.

Добра организација

Полиците и фиоките не мора секогаш да бидат искористени на вообичаен начин. Бидете креативни и искористете го секое слободно место. Накитот закачете го на креативни шајки или закачалки, марамите закачете си ги на посебно место и доколку можете, облеката организирајте го според боите.

Место за секое парче

Во плакарот сѐ треба да си има свое место: очилата за сонце, бразлетните, ракавиците, ремените... За во фиоките да не ви биде хаос, направете предграда во неа и во секоја преграда ставете си одредени работи. Така ќе ви биде полесно веднаш да го најдете она што го барате кога брзате некаде.

Шипка во плакарот

Шипката што се извлекува од плакарот и на која можете да закачите закачалка, е особено погодна кога треба да издвоите една комбинација за подоцна или пак за утрешниот ден. Она што сакате да го облечете ќе ве чека подготвено!

Добро осветлување

Доколку сте во можност, замолете ја вашата посилна половина да ви постави светло на клучните места во плакарот. Благата светлина ќе направи пријатна атмосфера и ќе ви го олесни пребарувањето.

Објавено:
22 февруари 2014
Категорија: 
Направи сам