Каква кошула да одберете според градбата на телото?

10 јуни 2019

Во летната сезона примат им се дава на парчињата кои овозможуваат удобност при носењето. Затоа и кошулите, пред сè од природни материјали, се чест избор. 

Сепак, за да изгледате совршено, потребно е да одберете и кошула со крој кој ќе соодветствува на вашата градба. Доколку не сте сигурни околу тоа што да одберете при следниот шопинг, во продолжение ќе прочитате неколку совети кои сигурни сме ќе ви бидат од помош.

 

Тип: Круша

Ако во горниот дел од телото сте ситни, а имате изразени колкови тогаш кошула со кошули е супер избор за вас. Доколку е со 3/4 ракави тогаш уште подобро, бидејќи ќе создадете илузија дека имате тело со облик на песочен часовник. 

Тип: Изразени облини

Подолга кошула со широк крој ќе овозможи да ги намалите колковите. Но, исто така внимавајте во рамениците да е со струкиран крој, за да се создаде складност. Доколку и горниот дел од кошулата е премногу широк, уште повеќе ќе се нагласи она што би сакале да го сокриете. Кошули со спуштени раменици се исто така добар избор.

 

Тип: Без изразени облини

Доколку имате таканаречена „момчешка градба“, односно градба без изразени облини, модните стручњаци велат дека треба да бирате кошули кои имаат нитни, односно копчиња, кои ќе го привлечат вниманието. Исто така, кошули кои во горниот дел се со панделка или во V-израз ќе ја нагласат вашата силуета на поженствен начин.

 

Тип: Со големи гради

Ако сте од оние што можат да се пофалат со бујно деколте, кошулите во пижама стил. Исто така, V-изразот е добар за овие дами, но да не е преголем, бидејќи тогаш одите во спротивна насока. Кошулите во пижама стил имаат ревери, кои не би требало да бидат преголеми, односно предлабоки, но сепак треба да се со фина форма и да го свртат вниманието. Заборавете на кошули со карнери. 

 

Тип: Ситна градба

Тие што имаат ситна градба најчесто посакуваат да имаат облини. За визуелно да го добиете тој впечаток, а притоа изборот на парче да е кошула, одберете кошули со карнери, везени дезени или принт. Иако сите би ви препорачале тесни кошули, добра вест е дека не морате да се ограничите. Можете да одберете и широки кошули со квадратна форма, но истата да не ја носите лежерно. Кошулите вовлечете ги во панталони и здолниште, па малку извлечете ја, со што ќе добиете побогат горен дел и ќе создадат визуелно подобра слика.

 

Тип: Со стомаче

Ако сте бремени или едноставно имате стомак кој што би сакале да го сокриете, бирајте полежерни кошули кои ќе паѓаат слободно и во пределот на стомакот и нема да го оцртуваат. Ако сте со помали гради, моделот може да биде со џебови, или со цветен дезен. 

Објавено:
10 јуни 2019
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
4.126 пати
Извор: 
daily mail