Какви нијанси (не) ви прилегаат на тенот на кожата

17 октомври 2017

Секој од нас има некоја боја или нијанса што повеќе или помалку му прилега. Тоа до некаде зависи и од тенот на кожата.

Светските стилисти ги дадоа своите совети, а во продолжение прочитајте кои се тие и како да ги одбегнете несаканите ефекти на бледило.

 

Светол тен

ДА: Тие што имаат светлата кожа со студен подтон, најдобро е да носат пастелни нијанси како боја на лаванда, кајсија, пастелно розова, пастелно зелена, минт нијанса. На тој начин ќе го „омекнете“ тенот, кој ќе дојде до израз на вистински начин.

НЕ: Заборавете на интензивно жолта, магента, или светлоцрвена боја.

 

Неутрален тен

ДА: За луѓето со неутрален тон на тенот вистински избор се виолетовата, беж-розова, небесно сина, како и нијанси на кајсија/

НЕ: Темните нијанси на сина, како и кафените не се најсреќен избор.

 


Темен тен

ДА: Со оглед на тоа дека кожата на оние со темен тен има природен сјај, таа одлично ќе изгледа во комбинација со зимски бои како златна, маслинесто зелена, сенф нијанса, модри нијанси, но и кремасти нијанси.

НЕ: Исклучително светлите тонови ќе направат контра ефект, затоа најдобро е да се избегнуваат.

Објавено:
17 октомври 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
4.167 пати