Кога чоколадото ќе стане уметност

9 февруари 2014

 

Чоколадата ја сакаме сите. Но, кога ќе отидете во Белгија, татковината на најфините чоколади на светот ќе сфатите дека чоколадото може да биде и вистински луксуз. Покрај поимот „haute couture“ (висока мода),  дали знаете дека постои и „haute chocolaterie“? Тоа е исто како кога во модата не се вреднуваат под еднакво парче облека дизајнирано од некоја позната париска модна куќа во споредба со масовното кинеско текстилно производство, така и овие мали ремек дела со автентичен облик, текстура и вкус не можат да се вреднуваат во споредба со чоколадите кои ги купуваме од полиците во супермаркетите.

 

 

Во создавањето на чоколадната магија, големите мајстори тргнуваат од неколкуте принципи и барања како повеќе вкус, повеќе текстура, повеќе финеси во поглед на формата и изгледот и над се помалку тежина. Поради тоа чоколадата кои се продаваат во Белгија во вид на бонбониери тежат максимум 6 грама. Луксузот не би бил комплетен ако третманот што го добивате кога купувате не е на највисоко ниво. Кога ќе влезете во продавниците за чоколада на Марколини на пример таму на прагот ве дочекува невообичаено мек килим, како оние кои ги има во бутиците на Гучи, понуда од различни видови на кутии полни со слатки задоволства, кои продавачот ги полни носејќи свилени ракавици и црна облека.

 

 

За некои мајстори чоколадото е луксуз, но во Белгија има и мајстори кои чоколадото го доживуваат како еден вид уметност. Таков е примерот со чоколадните продавници „Роџер“  кои имаа изложба на чоколадни скулптури во Парискиот Гранд Палас. Излозите на овие чоколадни продавници се изработени од посебно стакло кое има заштита од сонце. Во продавниците можете да видите големи чоколадни скулптури кои тежат  и повеќе од 80 килограми. Станува збор за снажни уметнички дела, неретко гротескни и интригантни, па затоа овој бренд го носи епитетот „Тим Бартон чоколада“.

 

 

Марколини и Роџер се едни од најпознатите чоколадни брендови не само во Белгија туку и ширум светот. Нивната умешност во создавање на еден сосема нов свет кој инспирацијата ја црпи од секојдневието и го преточува во најмалото или најголемото чоколадо притоа вметнувајќи неверојатни комбинации на вкусови и текстури е навистина тајна на нивниот занает, која нас ни го открива светот на слаткото задоволство.

 

 

 

 

 

Објавено:
9 февруари 2014
Категорија: 
Направи сам