Која е тајната на успехот на Викторија Бекам?

25 април 2014

Поранешната „зачинета“ девојка Викторија Бекам е со полно работно време како моден дизајнер има кариера на која што многумина можат да и позавидат, доминира не само со една, туку паралелно со две индустрии, музичката и модната, има прекрасен сопруг и е мајка на четири дечиња.

Неодамна го прослави својот 40-ти роденден, нејзин омилен готвач од кого постојано „краде“ вкусни идеи се вика Гордон Ремзи, а успева да им посвети и дел од своето време на нејзините обожаватели, делејќи им совети за успешна кариера преку социјалните мрежи. Според многумина Викторија Бекам не е само успешна жена, сопруга и мајка, таа е многу повеќе од тоа.

Еве кои се нејзините „мали“ тајни што ја однесоа до ѕвездите.

Совет за успешна кариера:

„Мошне често велам дека најдобра опција пред да почнете да се занимавате со било која работа е претходно да имате искуство и се разбира да поседувате силна желба и волја за работа, да ја почувствувате страста. Јас се водев според ова мото целиот мој живот, напорно работев, ги следев своите соништа и станав успешна.“

Совет за идеална комбинација за работа:

„Јас неодамна соработував со главниот оперативен офицер на Фејсбук Шерил Сандберг за Banbossy кампањата. Сметам дека таа е голем стилски амбасадор на современите женски модни изгледи.“

Како се навлекла на социјалните мрежи:

„Се сеќавам кога прв пат почнав да користам Твитер. Тоа беше првата социјална медиумска платформа на која се приклучив на почетокот на 2010 година. Твитер буквално ми отвори уште многу интернет прозорци, па јас сега сум активна на дури седум социјални мрежи. Сакам кога имам можност за воспоставување на директна комуникација со луѓето од било каде од светот“

Кои апликации најчесто ги користи на интернет:

„Отсекогаш и засекогаш Инстаграм каде објавувам фотографии, а за слушање музика ги користам Spotify и Pandora.

Објавено:
25 април 2014
Категорија: 
Направи сам